Vrabotuvanje.com - Office Manager - Скопје - РСМ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ
Share
Tweet
Share
Send to friend

Office Manager

Скопје

Application deadline:

  • РСМ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ
  • Address: Ул. Даме Груев бр.8 Скопје Центар, 1000 Скопје


 

 
Друштвото за ревизија РСМ МАКЕДОНИЈА е дел од RSM International, моќна мрежа на ревизорски, даночни и консултантски експерти со канцеларии низ целиот свет. Со над 40 професионалци од најразлични профили и стручни области, подготвени сме да му одговориме на секој предизвик со кој се соочуваат нашите денешни и идни клиенти и партнери. 

Друштвото за ревизијa РСМ Македонија ДООЕЛ Скопје е во потрага по професионални, комуникативни и креативни луѓе.

Со цел континуиран развој и унапредување на друштвото објавуваме оглас за вработување на Office Manager

 

Опис на работните обврски:
  • Обезбедување непречено функционирање на канцеларијата, ова вклучува одржување на инвентар и тековни набавки (нарачување храна, пијалаци, опрема, канцелариски материјали) како и организирање на какви било потребни поправки или работи за одржување;
  • Прием на клиенти, гости, прифаќање пошта;
  • Прием на телефонски повици и меилови;
  • Водење на архива и скенирање на документи;
  • Учество во изготвување на барања за понуди и понуди;
  • Надгледување на системот за следење на присуството;
  • Административни активности поврзани со соработката со клиентите;
  • Поддршка во координирањето на домашните и меѓународните патувања;
  • Организација на канцелариско работење;
  • Водење на евиденција за задачи, состаноци и спроведување и закажување на истите;
  • Подготовка на извештаи по барање на менаџментот;
  • Извршување на административни работи.
  • Одржување на канцелариски политики и процедури и уверување дека тие се спроведуваат соодветно

Потребни квалификации:
  • Претходно работно искуство на иста или слична работна позиција ќе се смета за предност;
  • Bисоко образование;
  • Одлично познавање на MS Office;
  • Одлични комуникациски и интерперсонални вештини;
  • Познавање на Англиски јазик;
  • Самоиницијативност и одговорност;
  • Динамичност, енергичност и лојалност;
  • Планирање и организациски способности.

Доколку сметате дека ги исполнувате наведените критериуми, испратете ја Вашата професионална биографија преку полето Брза Апликација со назнака „За работно место: Office Manager “.​
 
Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
 
Придружете се кон успехот на РСМ Македонија и направете разлика во светот на професионалните услуги!

 


 

Fast apply
Send to friend Print

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Administration amounts to 20.922 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more