Винер слот клуб е претпознатлив бренд на компанијата Глобал Гаминг која поседува 12 локали, а успешно работиме 10 години на пазарот во Македонија. Секој слот клуб е опремен со рулет и слот автомати од најновата технологија. Нашата компанија работи според високи стандарди.
Грижата за вработените е приоритет на компанијата.
Техничарите имаат клучна улога во нашиот тим, одговорни се за правилно функционирање и одржување на слот машините, како и за давање техничка поддршка на нашите вработени. Сега сме во потрага за колега кој ќе биде на позиција:
ТЕХНИЧАР ЗА РЕОН СКОПЈЕ
Опис на работно место:
- Изведува поправка и инсталација на електричните системи, машини и опрема; Одговорен е за составување, инсталирање, тестирање и одржување на електронските жици, опрема, уреди, апарати и направи, со употреба на рачни или електронски алатки;
- Врши инспекција на електричните системи, опремата и деловите кои би можеле да бидат причинители на дефекти и несреќи; Ги детерминира потребите од прилагодување и поправки со цел да се обебеди усогласеност со прифатените стандарди и кодови во компанијата;
- Учествува во инсталација, демонтажа и одржување на машинеријата во сите подружници на компанијата;
- Врши превентивно и планирано одржување на опремата;
- Врши идентификација на проблемите и поправка на машините во сите подружници на компанијата;
Глобал Гаминг бара:
- Возачка дозвола “Б” категорија (активен возач);
- Завршено средно образование (машински или електро струки ќе се сметаат за предност);
- Познавање на електроника;
- Способност за следење на инструкции и читање работно упатство;
- Насоченост кон тимска работа како и способност за самостојна работа.
Глобал Гаминг нуди:
- Вреднување и наградување за вашата работа и залагање;
- Месечни бонуси;
- Приватно здравствено осигурување;
- Скратено работно време во петок – 4 часа;
- Тим билдинг активности;
- Слободен ден за роденден;
- Награди за најдобрите;
· Обезбедена работна униформа.
Ве молиме Вашето CV испратете го преку полето Брза Апликација.
Ве молиме Вашето CV испратете го преку полето Брза Апликација.