Сменски инженер во флотација
КЛУЧНИ ОДГОВОРНОСТИ:
- Дава распоред за работа во склад со пропишаните правила
- Врши секојдневна контрола низ погонот и неговата состојба
- Врши контрола на дробење, мелење, филтрирање, подрумски простории и одделение за реагенси, захфат за вода и јаловиште
- Постојано е во контакт со работниците на захфат за вода и јаловиште
- Води евиденција (сменски извештај за целокупната работа)
- Одговорност за квалитетот во одделение за мелење (густините, ситовата и часовиот капацитет и по потреба извршува промени)
- Oдговорност за квалитетот на концентратите, густината на пулпата
- Врши контрола во одделението за реагенси и квалитетот на растворите
- Одговара за потрошувачката на нормативните материјали
- Врши контрола на сите извештаи од работните места во погонот флотација
- Води евиденција за редовност на работниците
КЛУЧНИ КОМПЕТЕНЦИИ:
- Етички вредности – Се придржува до основните вредности и верувања и се однесува согласно
- Решавање Проблеми – Ги анализира проблемите за да најде решение
- Интегритет и Доверба – Доверлив, директен и коректен
- Функционални/технички вештини – Поседува вештини за ефективно работење и постигнување на високи резултати
- Смиреност – Смирено работење под притисок и при соочување со неочекувани работи
- Организираност – Поставува приоритети, прави распоред за работа, следи напредок кон целите, и е во тек со детали/информации/активности
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ, ЗНАЕЊА И ПРЕТХОДНИ ИСКУСТВА
- ВСС (степен VI A) – Рударска
- Минимум 3 години работно искуство
- Иницијативност
- Компјутерски вештини: напредно познавање на MS Office –Word, Excel, PPT
Испратете го Вашето CV преку полето Брза Апликација