Синцеритас ад е фармацевтска компанија, чиј фокус на работење е култивирањето и производството на канабис за медицинска намена.
Работните практики и политики се усогласени со највисоките локални и европски стандарди во фармацевтската индустрија (EU GMP) со цел производство на масло од канабис со висока чистота и различни концентрации на CBD и THC.
сИНЦЕРИТАСад ИМА ПОТРЕБА ОД
електро инженер
Електроинженерот ги контролира и управува системите за електрична енергија, електроника и автоматика во еден производен капацитет. Оваа позиција врши проценки на ризик и обезбедува усогласеност со безбедносните стандарди и кодовите за електротехника.
Одговорности:
Дизајнира, имплементира и контролира електрика, електроника и автоматика за различни системи во фабрика;
Управува со проекти за електрика, електроника и автоматика и навремено ги завршува;
Осигурува дека инсталациите и системите се во согласност со компаниските потреби и безбедносните стандарди;
Спроведува анализа за квалитет и перформанси и прави редовни проверки на постоечките и нови системи за електрика, електроника и автоматика;
Дава инструкции на тимот на техничари за работни задачи поврзани со одржување на електрика, електроника и автоматика;
Проверува потреба од нова опрема и помага да се планира буџет;
Спроведува редовни проверки на системите за електрика, електроника и автоматика во фабрика и спроведува превентивни и корективни мерки;
Изготвува извештаи за менаџментот;
Изготвува документација и пишани процедури;
Други одговорности релевантни за квалификациите на кандидатот;
Квалификации
Факултетска диплома од факултет за електротехника
Најмалку 5 години работно искуство
Работа со BMS/EMS
Одлични способности за работа со компјутери
Способности за детектирање можни дефекти во опрема
Одлични комуникациски способности
Способности за решавање проблеми и креативно размислување
Одлични организациски способности
Флексибилност и адаптибилност кон промени
Одлична способност за комуникација на говорен и пишан англиски јазик
Доколку сте заинтересирани, Ве покануваме да се пријавите со својата Професионална биографија преку полето "Брза Апликација".
COMPARE YOUR SALARY
Average salary in category Pharmaceutics and Biotechnology amounts to 36.814 MKD.
Find the salary for the desired position according to your qualifications!