Сменски инженер во јама
КЛУЧНИ ОДГОВОРНОСТИ:
- Одговорен е за организација и сигурност на работа за себе и за работниците;
- Им дава наредба на работниците за работа;
- На почетокот на смената ги прегледува работните места;
- Пред да се почне со дупчење му дава упатства за дупчење на дупчачот;
- Пред да се почне со утовар дава упатства на работникот каде, колку да се товара;
- Пред да се отпочне со подградување на тесарите дава упатства како и на кој начин да се инсталира (постави) предвидената подграда;
- Врши контрола во текот на смената;
- Врши контрола на завршените работни задачи;
- Ги повлекува работниците на сигурно место и дава наредба за минирање;
- Го организира превозот на работниците од надвор во јама и обратно;
КЛУЧНИ КОМПЕТЕНЦИИ:
- Етички вредности – Се придржува до основните вредности и верувања и се однесува согласно;
- Решавање Проблеми – Ги анализира проблемите за да најде решение;
- Интегритет и Доверба – Доверлив, директен и коректен;
- Функционални/технички вештини – Поседува вештини за ефективно работење и постигнување на високи резултати;
- Смиреност – Смирено работење под притисок и при соочување со неочекувани работи;
- Организираност – Поставува приоритети, прави распоред за работа, следи напредок кон целите, и е во тек со детали/информации/активности;
- Тимска работа – Способност за продуктивно работење во тимска работна средина.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ, ЗНАЕЊА И ПРЕТХОДНИ ИСКУСТВА
- ВСС (степен VI A);
- Минимум 1 година претходно работно искуство во струката;
- Комуникациски вештини;
- Презентациски вештини;
- Иницијативност;
- Компјутерски вештини: напредно познавање на MS Office -Word, Excel, PPT;
Испратете го Вашето CV преку полето Брза Апликација