Биди дел од нашиот тим!
ВРАБОТУВАМЕ:
АДМИНИСТРАТОР ЗА ЛОЈАЛНОСТ И ФИНАНСИРАЊЕ
Нептун го зајакнува својот тим за Лојалност, финансирање и услуги и сме во потрага по професионална, комуникативна, добро организирана, само-мотивирана личност, која ќе биде одговорна за извршување на инцијативи поврзани со лојалност и финансирање на клиенти со цел генерирање на поголема посетеност, потрошувачка и повторувачки посети.
Одговорности и работни задачи:
- Следење на резултатите од активностите на членовите во Програмата за лојалност
- Администрирање потрошувачки кредити и кредити одобрени врз основа на склучени договори
- Администрирање работи поврзани со продажба на услуги кои се продаваат како поврзани производи
- Комуникација со малопродажните објекти, со цел корекција на грешки во делот на кредитирање и останати услуги
- Пресметки по основ на кредитирање и доставување соодветни извештаи на банките
Потребни квалификации:
- Познавање на процес на кредитирање и финансирање на клиенти
- 1-3 години искуство во областа
- Солидно познавање на англиски јазик (усно и писмено)
- Високо ниво на работа со компјутер (Microsoft office и други компјутерски деловни апликации)
- Систематичност, организираност, иницијативност и насоченост кон изнаоѓање решенија
- Одлични комуникациски способности и интерперсонални вештини
- Афинитет кон административни работни задачи, педантност и деталност
- Тимска ориентација и желба за учење и развивање
Доколку се пронаоѓате во барањата на позицијата и имате желба да ја развивате својата кариера во областа на администрација на лојални програми и финансирање, ве покануваме да ја испратите вашата апликација, не подоцна од 29.01.2025.