Специјалист за пресметка на плати
Скопје
Application deadline:
- РСМ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ
- Address: Ул. Даме Груев бр.8 Скопје Центар, 1000 Скопје
Друштво за ревизија РСМ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје, објавува оглас за работно место:
Опис на работно место:
- Прави подготовка и контрола на добиени основни податоци за вработените од асистентот и клиентот;
- Изработува пресметка врз основа на добиените податоци за пресметка на плата;
- Изработка на извештаи за пресметката и доставување до клиентот;
- Изработка на месечна декларација и годишен извештај и нивно доставување до Управата за јавни приходи;
- Комуницира со клиентот за прашања поврзани со добиените податоци и пресметката на плата;
- Помага во процеси поврзани со ИТ;
Критериуми за работно место:
- Високо образование;
- Минимум 5 години релевантно работно искуство;
- Добро познавање на MS Office, посебно на MS Excel;
- Добри познавања од областа на ИТ;
- Владеење на странски јазик – англиски;
- Добри аналитички способности;
- Уредност;
- Одговорност;
- Умешност да работи со голем обем на информации;
- Работа во куси временски рокови;
- Исполнителност;
- Способност за индивидуална и тимска работа;
- Одговорна и лојална личност;
- Позитивен став.
Што нудиме:
- Можност за професионален развој во водечка компанија;
- Стимулативен пакет за надоместоци и бенефиции;
- Пристап до обуки и глобални ресурси за постојан развој;
- Работа во високо професионална и етичка работна средина.
Доколку се гледате себеси како дел од нашиот тим, испратете ја Вашата професионална биографија преку полето Брза Апликација со назнака „За работно место: Специјалист за пресметка на плата“.
COMPARE YOUR SALARY
Average salary in category
Administration amounts to 20.922 MKD.
Find the salary for the desired position according to your qualifications!