Vrabotuvanje.com - Junior Key Account Manager - Скопје - AWT International
Share
Tweet
Share
Send to friend

Junior Key Account Manager

Скопје

Application deadline:

  • AWT International


 

АВТ Интернатионал - Водечки дистрибутер кој врши дистрибуција и трговија на големо со прехрамбени и непрехрамбени производи за широка потрошувачка
 
Има потреба од енергична, амбициозна, комуникативна личност за позиција:
 
Junior Key Account Manager
 

Потребни компетенции и квалификации:
  • Универзитетско образование (Економија, Бизнис администрација, Маркетинг или некоја сродна наука)
  • Поседување на релевантно работно искуство на иста или слична позиција
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Одлично познавање на MS Office
  • Насоченост кон постигнување на резултати, тимско работење, лојалност, желба за континуиран развој, учење и стекнување нови искуства
  • Возачка дозвола Б категорија.
 
Специфични задачи и одговорности на работната позиција:
  • Планирање и реализација на зададените планови за продажба
  • Управување и организација на продажниот тим за Клучни Купувачи
  • Развојот на оперативни планови, плановите за маркетинг и промо активности со Клучните Купувачи
  • Имплементација на принципите и техниките за претставување, промовирање и продавање на производите
  • Постојано следење, анализа, подобрување и унапредување на процесот на продажба
  • Воспоставување и одржување на деловни односи со партнерите и клучните купувачи
  • Следење и анализа на пазарните трендови и активности на конкуренцијата
  • Анализа на резултатите на продажба и изработка на извештаи за продажба
  • Планирање, анализа и менаџирање на трошоци

Ние нудиме:
  • Можност да бидете дел од компанија со одлична работна средина – атрактивна и динамична работа
  • Годишен одмор согласно Законот за работни односи
  • Работно време од понеделник до петок од 08:00-16:00 часот
  • Редовни месечни примања
  • Можност за развивање и континуирано персонално усовршување
  • Компаниско колективно осигурување од повреда при работа во и вон работно време
  • Приватно здравствено осигурување
 
Доколку сте заинтересирани за интересна и динамична работа, а воедно го поседувате потребните вештини и искуство за оваа позиција аплицирајте преку полето Брза Апликација со назнака ” Junior Key account manager”. 
 
Само избраните кандидати ќе бидат контактирани за интервју.
 
Општи правила за аплицирање:
  • Именување на документ за аплицирање - CV (име и презиме на апликантот).
  • Назнака на позицијата за која се аплицира
  • Согласно Законот за заштита на лични податоци Ве молиме во текстот на е-поштата да наведете дали прифаќате Вашите податоци да се чуваат во збирката за идни вработувања во АВТ Интернатионал или сакате Вашите лични податоци да бидат уништени по истекот на активниот оглас. Доколку нема никаква напомена од Ваша страна, податоците ќе бидат уништени
Fast apply
Send to friend Print

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Sales amounts to 22.310 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more