Vrabotuvanje.com - Кредитен Администратор - Гостивар - Гостивар - Микрокредитна фондација ХОРИЗОНТИ
Share
Tweet
Share
Send to friend

Кредитен Администратор - Гостивар

Гостивар

Application deadline:

  • Микрокредитна фондација ХОРИЗОНТИ
  • Address: Св. климент Охридски 58Б 2-3/1, 1000 Скопје
  • Web: http://www.horizonti.org.mk
 


  Микрокредитна фондација Хоризонти повеќе од 20 години обезбедува пристап до финансиски услуги за поддршка на малите бизниси, индивидуални земјоделци и друго население со помали приходи. До сега имаме опслужени над 20,000 клиенти, преку деловна мрежа од 8 подружници распоредени во различни региони од земјата.

  Целата на нашето работење е втемелено во социјалната мисија на организација, да создаде позитивно влијание врз деловните активности на клиентите и нивниот животен стандард.

  За реализација на деловните активности во склад со годишните планови имаме потреба од вработување на:



КРЕДИТЕН АДМИНИСТРАТОР
(со седиште во Гостивар)


 

РАБОТНИ ЗАДАЧИ:

  • Одговорен за навремено и точно изготвување на кредитната документација
  • Потпишување договори и вршење други трансакции со клиентите во филијалата;
  • Администрирање и архивирање на документација, согласно интерните процедури;
  • Изготвување и достава на писмена кореспонденција;
  • Изготвува порачки за канцелариските потреби, материјали и раководи со благајната;

КРИТЕРИУМИ И КВАЛИФИКАЦИИ:

  • Факултетско образование или завршено средно образование (економска насока).
  • Возачка дозвола (Б-категорија).
  • Познавање на работа со компјутери (MS Word, Excel, Outlook and Internet).
  • Искуство во работа со софтверски апликации
  • Познавање на Англиски јазик.
  • Најмалку 2 години работно искуство со канцелариско/административно работење. Предност е работење во банка или друга финансиска институција;

ПОТРЕБНИ ВЕШТИНИ:

  • Одлични комуникациски способности
  • Интерперсонални способности
  • Точност и прецизност во работата
  • Добри организациски и координаторски способности
  • Аналитички способности
  • Тимска работа

Услови за аплицирање

Сите заинтересирани кандидати треба да испратат свое CV и мотивационо писмо (опционално) преку полето Брза Апликација, најкасно до 10.02.2025 година.

Со Вашата апликација давате согласност за задржување на испратените податоци во базата за идни вработувања на компанијата во рок од 1 (една) година. Истите ќе бидат третирани со максимална доверливост и заштита.

Fast apply
Send to friend Print

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Administration amounts to 20.922 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more