АСпецијалист за онлајн продажба, одржување на веб-страница и социјални мрежи
Опис на работното место:
Кармен Бауцентар го проширува својот тим и бара динамична и креативна личност која ќе биде одговорна за:
- Управување со онлајн продажба и обработка на нарачки.
- Одржување и ажурирање на веб-страницата на компанијата.
- Креирање, планирање и објавување содржини за социјалните мрежи (Facebook, Instagram).
- Нудење на артикли, предлагање акции и промоции за зголемување на продажбата.
- Анализа на резултатите од дигиталните кампањи и предлагање подобрувања.
- Комуникација со клиенти преку социјалните мрежи и е-мејл.
- Завршено средно или високо образование (предност ќе имаат кандидатите со образование во маркетинг, ИТ или сродни области).
- Познавање на дигитален маркетинг и онлајн алатки.
- Одлични комуникациски и организациски вештини.
- Искуство со одржување на веб-страници и социјални мрежи (WordPress, Canva или слични алатки е предност).
- Способност за самостојна работа и работа во тим.
- Работа во динамична и стимулативна средина.
- Можност за професионален развој и усовршување.
- Редовна плата и бонуси според резултатите.
Како да аплицирате?
Испратете го вашето CV и кратко мотивациско писмо преку полето Брза Апликација
Станете дел од тимот на Кармен Бауцентар и заедно создавајте успешни приказни!