Vrabotuvanje.com - Референт за грижа на корисници - Скопје - НЕПТУН МАКЕДОНИЈА ДОО експорт-импорт Скопје
Share
Tweet
Share
Send to friend

Референт за грижа на корисници

Скопје

Application deadline:

  • НЕПТУН МАКЕДОНИЈА ДОО експорт-импорт Скопје

Нептун Македонија е во потрага по комуникативна и љубезна личност, ориентирана кон потребите на клиентите, со цел обезбедување на врвна корисничка поддршка. Го зајакнуваме одделот за Односи со клиенти и поради тоа објавуваме конкурс за вработување на позицијата

ВРАБОТУВАМЕ:

РЕФЕРЕНТ ЗА ГРИЖА ЗА КОРИСНИЦИ

 

Одговорности и работни задачи:

  • Администрација и одговарање на повици на клиенти, одговарање на барања, давање на информации, решавање на проблеми
  • Прима дојдовни повици од потрошувачи
  • Остварува појдовни повици кон потрошувачите
  • Води евиденција и подготвува извештаи за остварените повици во системот на Друштвото
  • Комуницира на социјалните мрежи, одговара на мејлови, контактира незадоволни купувачи, за соодветен одговор на прашања/поплаки/пофалби поставени на социјални мрежи, комуницира со соодветните служби од компанијата, собира информации и истите ги проследува 
  • Спроведува анкети согласно потребите од деловното работење 
  • Придонесува за успешно реализирање на продажбата и услугите на компанијата
  • Администрира интернет нарачки и друга документација поврзана со нарачки за производи

Потребни квалификации:

  • ССС/ВСС
  • 2 години искуство во грижа за корисници или call центар
  • Одлично познавање на англиски јазик (уснa и писменa комуникација), напредно ниво на работа со компјутер (Microsoft office и други компјутерски деловни апликации)
  • Способност за справување со тешки купувачи и справување со конфликтни ситуации
  • Високо ниво на одговорност, педантност, точност и квалитетно извршување на работните задачи
  • Високо развиени комуникациски способности, ориентираност кон клиенти, решавање проблеми

Нашата компанија нуди:

  • Култура на почит, отвореност, взаемно помагање и тимска работа
  • Работа во стимулативна и динамична средина, со професионален и мотивиран тим
  • Можност за континуиран развој и професионална надоградба

Доколку сакате да станете дел од амбициозен, професионален тим, кој се стреми да го одржи високото ниво на клиентско задоволство, ве покануваме да аплицирате преку означеното поле.

Рокот за аплицирање е до: 12.02.2025 година

Apply
Send to friend Print

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Administration amounts to 20.922 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more