Vrabotuvanje.com - Cyber Security Engineer - Скопје - Македонски Телеком АД-Скопје
Share
Tweet
Share
Send to friend

Cyber Security Engineer

Скопје

Application deadline:

  • Македонски Телеком АД-Скопје

 
Ние сме првиот и најдобар телекомуникациски оператор во Македонија, и веќе 23 години сме горд член на Групацијата Дојче Телеком. Нашата мисија е сите наши корисници да добијат исклучителни услуги и грижа, па поради тоа постојано инвестираме во најнови технологии за одржување на безбедноста на највисоко ниво. 
 
Нашите вработени се нашето најголемо богатство, а ние им обезбедуваме можности да го развијат својот потенцијал и да дадат свој придонес со своите силни страни и идеи, да бидат креативни, да работат со голема автономија, фокусирани на резултатите и корисниците, но и да се забавуваат додека сме на работното место.
 
Приклучете ни се и заедно ќе работиме на проекти преку кои оставаме белег во општеството, вложувајќи во професионалниот и личниот развој, кој е неминовен.  Ајде заедно да го создаваме дигиталниот свет од иднината. 
 
Cyber Security Engineer
 
Во моментов бараме Cyber Security Engineer кој ќе се приклучи на нашиот Cyber Security тим и ќе има клучна улога во воспоставувањето на безбедносната архитектура, имплементацијата и одржувањето на безбедносните системи, како и управувањето со севкупната стратегија за сајбер безбедност на нашата компанија.

 
Работни задачи:
  • Учество во процесот на Patch Management, спроведување на периодични скенирања на IT/NT системите за идентификација на ранливости и водење на процесот за отклонување/мигрирање на истите согласно интерните регулативи и KPI
  • Следење и анализа на информациите од безбедносните системи
  • Мониторирање на МКТ системите од евентуални напади, преку употреба на алатки за откривање на напади и аномалии во однесувањето на системите
  • Одржување на системот за доделување на кориснички пристапи и ревизија на воспоставените процеси
  • Оперирање и конфигурација на безбедносната опрема и имплементација на барањата согласно со корпоративните безбедносни политики
  • Одржување на Firewall уреди и познавања од мрежната инфрастуктура
  • Учество во дефинирање на безбедносните барања и водење на проекти со поголема комплексност
  • Учество во процесот на управувањето со соодветна безбедносна инфраструктура и процеси кои ќе овозможат сигурно и непрекинато функционирање на сите IT/NT системи и сервиси како и имплементација на политиките за безбедност на Deutsche Telekom и Македонски Телеком, како и усогласеност со локалната законска регулатива
  • Соработка со тимот за справување со сигурносни инциденти CIRT (Computer Incident Response Team);
  • Планирање на CAPEX/OPEX буџетот, како и реализација на плановите преку управување и континуирано унапредување на процесите и ефикасноста во работењето на организационата единица

Потребни квалификации:
  • Технички факултет – Електротехника, Информатички науки и компјутерско инженерство, Природно математички факултет
  • 3+ години соодветно работно искуство 
  • Познавања на безбедност на телекомуникациски и компјутерски мрежи
  • Широки познавања од ИТ системите
  • Познавања на агилната методологија
  • Одлични комуникациски вештини
  • Амбициозност и желба за постојано учење
  • Иновативност и способност за воочување на нови можности

Што очекуваме:
  • Тимски играч
  • Подготвеност за учење на нови технологии
  • Ориентираност кон резултати
  • Вљубеник во технологијата
Ова е возбудлива можност за динамичен поединец кој сака да напредува во брзорастечка средина и е подготвен да учествува во градењето на безбедносната инфраструктура на нашата компанија . Доколку ги поседувате потребните вештини и квалификации, Ве охрабруваме да аплицирате и да станете дел од нашиот тим!
 

Што нудиме:
  • Работа во интернационална компанија по стандарди на ДТ методологија
  • Плата и финансиска мотивација (компетентен бонус) согласно утврдените интерни акти на компанијата
  • Можност за континуирано професионално усовршување и развој
  • Приватно здравствено осигурување
  • Службен мобилен телефон и бенефиции од користење на услугите на МКТ
  • Бесплатен фитнес клуб и јога во рамките на компанијата
  • Останати бенефиции како вработен во МК

Работно време:
  • Работното време на компанијата е флексибилно во траење од 8 часа (со почеток помеѓу 08:00 и 09:00 часот и завршување помеѓу 16:00 и 17:00  часот)

Како да аплицирате:
Вашето CV испратете го електронски на апликацијата на следниот линк http://www.telekom.mk/tekovni-oglasi.nspx или на адреса на Македонски Телеком АД Скопје, ул. Кеј 13 Ноември бр.6 со назнака оглас за вработување на Cyber Security Engineer.
 
Контакт информации тел. 02/ 3 242-694
Огласот ќе биде отворен од 28.01.2025 до 11.02.2025.  

 
Забелешка:
Сите примени апликации ќе бидат разгледани со строга доверливост. За одредени позиции е можно да биде спроведен тест на пред-селектираните кандидати, пред да биде направено финалното интервју. За интервју ќе бидат контактирани само кандидати кои ќе влезат во потесен избор.
 
Нецелосните апликации и оние кои ќе бидат примени по истекот на крајниот рок нема да бидат земени вo предвид.
Македонски Телеком АД го задржува правото да не ја пополни огласената позиција.
Apply
Send to friend Print

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Sales amounts to 22.310 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more