Ние сме првиот и најдобар телекомуникациски оператор во Македонија, и веќе 23 години сме горд член на Групацијата Дојче Телеком. Нашата мисија е сите наши корисници да добијат исклучителни услуги и грижа, па поради тоа постојано инвестираме во најнови технологии за одржување на безбедноста на највисоко ниво.
Нашите вработени се нашето најголемо богатство, а ние им обезбедуваме можности да го развијат својот потенцијал и да дадат свој придонес со своите силни страни и идеи, да бидат креативни, да работат со голема автономија, фокусирани на резултатите и корисниците, но и да се забавуваат додека сме на работното место.
Приклучете ни се и заедно ќе работиме на проекти преку кои оставаме белег во општеството, вложувајќи во професионалниот и личниот развој, кој е неминовен. Ајде заедно да го создаваме дигиталниот свет од иднината.
Cyber Security Engineer
Во моментов бараме Cyber Security Engineer кој ќе се приклучи на нашиот Cyber Security тим и ќе има клучна улога во воспоставувањето на безбедносната архитектура, имплементацијата и одржувањето на безбедносните системи, како и управувањето со севкупната стратегија за сајбер безбедност на нашата компанија.
Работни задачи:
- Учество во процесот на Patch Management, спроведување на периодични скенирања на IT/NT системите за идентификација на ранливости и водење на процесот за отклонување/мигрирање на истите согласно интерните регулативи и KPI
- Следење и анализа на информациите од безбедносните системи
- Мониторирање на МКТ системите од евентуални напади, преку употреба на алатки за откривање на напади и аномалии во однесувањето на системите
- Одржување на системот за доделување на кориснички пристапи и ревизија на воспоставените процеси
- Оперирање и конфигурација на безбедносната опрема и имплементација на барањата согласно со корпоративните безбедносни политики
- Одржување на Firewall уреди и познавања од мрежната инфрастуктура
- Учество во дефинирање на безбедносните барања и водење на проекти со поголема комплексност
- Учество во процесот на управувањето со соодветна безбедносна инфраструктура и процеси кои ќе овозможат сигурно и непрекинато функционирање на сите IT/NT системи и сервиси како и имплементација на политиките за безбедност на Deutsche Telekom и Македонски Телеком, како и усогласеност со локалната законска регулатива
- Соработка со тимот за справување со сигурносни инциденти CIRT (Computer Incident Response Team);
- Планирање на CAPEX/OPEX буџетот, како и реализација на плановите преку управување и континуирано унапредување на процесите и ефикасноста во работењето на организационата единица
Потребни квалификации:
- Технички факултет – Електротехника, Информатички науки и компјутерско инженерство, Природно математички факултет
- 3+ години соодветно работно искуство
- Познавања на безбедност на телекомуникациски и компјутерски мрежи
- Широки познавања од ИТ системите
- Познавања на агилната методологија
- Одлични комуникациски вештини
- Амбициозност и желба за постојано учење
- Иновативност и способност за воочување на нови можности
Што очекуваме:
- Тимски играч
- Подготвеност за учење на нови технологии
- Ориентираност кон резултати
- Вљубеник во технологијата
Ова е возбудлива можност за динамичен поединец кој сака да напредува во брзорастечка средина и е подготвен да учествува во градењето на безбедносната инфраструктура на нашата компанија . Доколку ги поседувате потребните вештини и квалификации, Ве охрабруваме да аплицирате и да станете дел од нашиот тим!
Што нудиме:
- Работа во интернационална компанија по стандарди на ДТ методологија
- Плата и финансиска мотивација (компетентен бонус) согласно утврдените интерни акти на компанијата
- Можност за континуирано професионално усовршување и развој
- Приватно здравствено осигурување
- Службен мобилен телефон и бенефиции од користење на услугите на МКТ
- Бесплатен фитнес клуб и јога во рамките на компанијата
- Останати бенефиции како вработен во МК
Работно време:
- Работното време на компанијата е флексибилно во траење од 8 часа (со почеток помеѓу 08:00 и 09:00 часот и завршување помеѓу 16:00 и 17:00 часот)
Како да аплицирате:
Вашето CV испратете го електронски на апликацијата на следниот линк http://www.telekom.mk/tekovni-oglasi.nspx или на адреса на Македонски Телеком АД Скопје, ул. Кеј 13 Ноември бр.6 со назнака оглас за вработување на Cyber Security Engineer.
Контакт информации тел. 02/ 3 242-694
Огласот ќе биде отворен од 28.01.2025 до 11.02.2025.
Забелешка:
Сите примени апликации ќе бидат разгледани со строга доверливост. За одредени позиции е можно да биде спроведен тест на пред-селектираните кандидати, пред да биде направено финалното интервју. За интервју ќе бидат контактирани само кандидати кои ќе влезат во потесен избор.
Нецелосните апликации и оние кои ќе бидат примени по истекот на крајниот рок нема да бидат земени вo предвид.
Македонски Телеком АД го задржува правото да не ја пополни огласената позиција.