Опис на работно место:
- Поставување на материјали за тутунски производи во продажните места на својата територија;
- Поставување на производите на Филип Морис и Експанда и грижа за истите во малопродажните места (продавници, маркети, тобако и големи клиенти) со кои соработува компанијата;
- Поставување и менување на цени на производите на компанијата во продажните места на деловните соработници;
- Промена на планограми на сталажи во продажните места;
- Одржување хигиена на сите поставени материјали за продажни објекти и сталажи за производите на компанијата;
- Изготвување и доставување извештаи за теренската работа до претпоставениот;
- Редовно одржување и одговорност за возилото и опремата со која е задолжен.
Потребни квалификации:
- Образование: минимум ССС;
- MS Office (Word, Excel, Power Point);
- Возачка дозвола Б категорија.
Лични карактеристики:
- Проактивен и професионален пристап во работата;
- Самоиницијативност, комуникативност, упорност, одговорност;
- Индивидуална и тимска работа.
Ние нудиме:
- Работно време од понеделник до петок, 40 работни часа неделно во една смена;
- Почетна нето месечна заработка 32.000 денари;
- Користење на службено возило;
- Можност за напредок и кариерен развој во рамки на компанијата.
Рок за доставување пријави e до 16.02.2025 година.