ЗА КОМПАНИЈАТА
Графика Плус Доо од Скопје го проширува и освежува својот тим со нова позиција. Ако имаш желба за учење и напредување и сакаш да работиш во пријатна работна атмосфера и во фирма која секојдневно ги следи модните и техничко-технолошките трендови на пазарот те охрабрувам да испратиш свое CV со што ќе аплицираш за следното работно место:
АСИСТЕНТ НА ПРИЕМЕН ПУЛТ
Квалификации:
- Завршено ССС (најмалку)
- Познавање на Office пакет (Word, Excel)
- Познавање на англиски јазик
- Возачка дозвола (не е задолжително)
Работни задачи и обврски:
- Административна и логистичка поддршка
- Координација со прозиводство и клиенти за готови производи
- Водење на електронска архива
Компанијата нуди:
- Едно-сменско работење (од 8 до 16 часот);
- Навремена исплата на личен доход и додатоци на плата, К-15;
- Периодична финансиска мотивација (најмалку 2 пати годишно зголемување на плата);
- Конкуретна плата;
- Обука,одлична работна атмосфера