Vrabotuvanje.com - Инженер за калкулации во Оддел за техничка припрема - Скопје - Фабрика „Карпош“
Share
Tweet
Share
Send to friend

Инженер за калкулации во Оддел за техничка припрема

Скопје

Application deadline:

  • Фабрика „Карпош“

Фабриката „Карпош” е производител на елементи за урбана опрема почнувајќи од бетонски декоративни плочи со различни димензии за уредување партери, тротоари, паркинзи, па сè до сложени монтажни конструктивни елементи за изведба на различни видови објекти. Освен тоа, фабриката „Карпош” е специјализирана за проектирање и за производство на монтажни конструктивни елементи за изградба на крупнопанелни згради, семејни куќи, индустриски објекти, армиранобетонски мостови, ПТТ-столбови, далноводи и трафостаници, вибропресувани цевки и шахти, центрифугирани шипови, железнички прагови од преднапрегнат бетон, бетонска галантерија, како и изработка на бетонски и армиранобетонски елементи по порачка.

Денес, фабриката „Карпош” е организација која може да им понуди на инвеститорите проекти, монтажни конструктивни елементи, техничка подготовка и изведба која подразбира висока технологија, квалитет и прифатлива цена. Фабриката „Карпош” има добиено сертификат за квалитет ИСО 9001 со кој се потврдува коректноста во водењето на работата. Особено таа е организација каде што се изнаоѓаат одредени решенија за соодветни градежни проблеми за да се реализираат специфичните барања на секој клиент.


​Фабрика КАРПОШ АД Скопје има потреба од вработување на:

 
инженер за калкулации во Оддел за техничка припрема

Потребни квалификации:

  • Завршено високо образование во област од технички науки
  • Работно искуство од минимум 5 (пет) години во градежна индустрија
  • Познавање на Законот за јавни набавки
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Напредно познавање на MS Office (word, excel, power point, MS Project)

Одговорности и задачи:

  • Познавање на пазарните цени во областа на градежништвото
  • Се запознава и ги проучува условите и спецификациите од тендерската документација
  • Изработува предлог понуда врз основа на калкулации базирани на просечните норми во градежништвото, добиените понуди од подизведувачите, добиените понуди од добавувачите, каталозите и ценовниците на Компанијата, а во согласност со условите и спецификациите од тендерската документација на Инвеститорот
  • Изработува методологија за извршување на работите за предметен тендер
  • Изработува динамички план за изведување на работите за предметен тендер
  • Следење на системот за јавни набавки домашни и меѓународни
  • Изработка и достава на понуди за инвеститори и индивидуални лица
  • Изработува предлог понуда, калкулации за готов бетон и сите стандардни и вонстандардни елементи од производна програма на Фабрика Карпош

Потребни способности и вештини:

  • Способност за самостојна и тимска работа на повеќе работни задачи и активности истовремено
  • Одлични комуникациски и организациски вештини
  • Професионален и позитивен однос, дискреција во споделување на информации
  • Капацитет за работа под притисок и со кратки рокови, смиреност и позитивен став
  • Амбициозност и мотивираност за развој и унапредување
 
Доколку имате желба да бидете дел од нашиот успешен тим испрате ни ја вашата кратка биографија (CV) и мотивационо писмо преку полето брза апликација со задолжителна назнака Инженер за калкулации во Оддел за Техничка Припрема.
Fast apply
Send to friend Print

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Crafts and Manufacturing amounts to 24.798 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more