Комерцијалист/ка
Скопје
Application deadline:
- ЕУРО ТАБАК ДОО
Еуротабак е компанија која се стреми да биде претпочитан избор за дистрибутер на принципалите и на клиентите во земјата со модерен и ефикасен дистрибутивен систем, најголема покриеност на продажни места, најбрз пробив на пазарот, извонредна грижа за клиентите и големо портфолио на производи со врвен квалитет за крајните потрошувачи
ЕУРОТАБАК ИМА ПОТРЕБА ОД КОМЕРЦИЈАЛИСТ/КА
Цел на работното место:
Одговара за остварување на конкретни продажни резултати, за обезбедување на присутност и достапност на асортиманот на брендовите и артиклите на компанијата на продажното место со цел да придонесе за зголемување на продажбата и реализација на поставените таргети.
Главни одговорности:
- Планирање и организирање на продажни активности;
- Следење на продажбата и превземање на активности за зголемување на продажбата;
- Развивање и одржување на односите со клиентите;
- Прием на нарачки и наплата;
- Изработка на потребна документација;
Услови за работа:
- Редовна месечна плата;
- Полно работно време- 40часа;
- Работа на определено време со можност за продолжување на неопределено;
- Обезбедени услови за работа со сите потребни материјално- технички средства;
- Приватно здравствено осигурување;
- Исплата на минат калкулиран труд;
- Континуирани обуки и стручно доусовршување;
Потребни квалификации:
- Средно или високо образование;
- Возачка дозвола Б категорија;
- Комуникациски вештини;
- Минимум 1 години искуство во продажба;
Како да аплицирате:
Доколку ги поседувате потребните вештини и искуство за да се приклучите на нашиот тим, аплицирајте за оваа позиција преку полето Брза Апликација и ќе бидете исконтактирани од тимот на Човечки Ресурси на Еуро Табак.
Краен рок за аплицирање: до 28.02.2025
COMPARE YOUR SALARY
Average salary in category
Sales amounts to 22.310 MKD.
Find the salary for the desired position according to your qualifications!