Соработник за набавка на трговска стока
Скопје
Application deadline:
- ЕУРО ТАБАК ДОО
Eуротабак е компанија која се стреми да биде претпочитан избор за дистрибутер на принципалите и на клиентите во земјата со модерен и ефикасен дистрибутивен систем, најголема покриеност на продажни места, најбрз пробив на пазарот, извонредна грижа за клиентите и големо портфолио на производи со врвен квалитет за крајните потрошувачи.
Еуротабак има потреба од Соработник за набавка на трговска стока
Локација: Скопје
Оддел: Логистика
Рок за пријавување: 01.03.2025
Позиција: 1
Цел на работното место:
Гарантира спроведување на активности неопходни за набавка на стоки за тргување, врши надзор и контрола на испораките и се грижи да остварува ефикасни набавки, оптимални залихи и заштеди за компанијата.
Услови за работа и бенефиции:
- Редовна месечна плата;
- Полно работно време - 40 часа;
- Работа на определено време со можност за продолжување на неопределено
- Пријатна работна атмосфера;
- Обезбедени услови за работа со сите потребни материјално-технички средства;
- Приватно здравствено осигурување;
- Континуирани обуки и стручно доусовршување
Потребни квалификации:
- Високо образование;
- Од 5-7 години работно искуство во набавки. Пожелно е раководно искуство од најмалку 3 години.
- Комуникациски вештини;
- Одлично познавање на деловниот Англиски јазик;
- Одлично познавање на MC Office – Excel, Word
Работни задачи:
- Гарантира подготовка и достава на барања до добавувачи, вклучувајќи и подготовка на детални спецификации, услови во врска со затворена конкурентска понуда или предлог, обврзувачки и безбедносни услови и информации, мостри, примероци од договор и други посебни услови.
- Ги следи секојдневно и ги контролира залихите на лагер листа во Централните магацини и во продажните центри и гарантира обезбедување на оптимални залихи на стоки за тргување.
- Се грижи документацијата да биде целосна и точна, и проследена до одговорното лице со цел да се извршат плаќања согласно договорите.
- Организира и управува со активности за прием и обработка на документи, ажурирање на податоци и налози за набавки, ажурирање на цени и податоци за добавувачи, активности за проверка на залихи во магацините, состојби од пописи, расходувани стоки, растур, кало, итн.
- Подготвува и доставува до претпоставениот неделни и месечни извештаи за состојбата на залихи на лагер за својата група на трговски стоки.
- Креира и предлага процедури во доменот на својата работа (набавка, овластувања, критериуми за оценување на добавувачи, склучување на договори, складирање, постапување со несоодветни суровини, материјали за пакување и репроматеријали, итн.).
Како да аплицирате:
Доколку ги поседувате потребните вештини и искуство за да се приклучите на нашиот тим, аплицирајте за оваа позиција преку полето Брза Апликација, и ќе бидете исконтактирани од тимот на Човечки Ресурси на Еуро Табак.
Краен рок за аплицирање: до 01.03.2025
COMPARE YOUR SALARY
Average salary in category
Sales amounts to 22.310 MKD.
Find the salary for the desired position according to your qualifications!