Практикант за правни работи
Скопје
Application deadline:
- РСМ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ
- Address: Ул. Даме Груев бр.8 Скопје Центар, 1000 Скопје
Друштво за ревизија РСМ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје, објавува оглас за работно место:
Опис на работно место:
- Помош при анализа, изработка и ревидирање на правни акти за потребите на друштвото;
- Следење на актуелната законска регулатива и усогласување на правните акти согласно со законските промени и потребите на друштвото и клиентите;
- Подготовка на дописи и извештаи за надлежните институции за потребите на друштвото и клиентите;
- Помош при подготовка и организирање на документи и други материјали за правни активности;
- Изработка на акти за промени во структурата на друштвото согласно со Законот за трговските друштва;
- Комуникација со другите сектори и посредување при правни прашања;
- Активно учество во секојдневните оперативни работи во друштвото.
Критериуми за работно место:
- Дипломиран правник;
- Познавање на компјутерски програми, особено MS Office;
- Добро познавање на англиски јазик (усна и писмена комуникација);
- Способност за работа во тим и самостојно извршување на задачите;
- Одговорност, прецизност и внимание на детали;
- Способност за работа под притисок и со почитување на кратки рокови;
- Желба за учење и развој во правната област.
Што нудиме:
- Платена пракса на период од 6 месеци;
- Полно работно време;
- Можност за развој и надградба на правни вештини во динамично работно опкружување.
COMPARE YOUR SALARY
Average salary in category
Law amounts to 23.814 MKD.
Find the salary for the desired position according to your qualifications!