Vrabotuvanje.com - Агент за грижа на корисници - Скопје - ПИВАРА СКОПЈЕ АД
Share
Tweet
Share
Send to friend

Агент за грижа на корисници

Скопје

Application deadline:

  • ПИВАРА СКОПЈЕ АД

КОИ СМЕ НИЕ

Ние сме Пивара Скопје, неприкосновен лидер на пазарот за производство и продажба на безалкохолни пијалаци, пиво и премиум алкохолни пијалаци., Постојано растеме и сме посветени на одржливиот развој како една од нашите главни заложби. Ние сме продажно-ориентирана компанија која континуирано воведува иновации во секојдневното работење и постојано ја проширува палетата на производи, одржувајќи највисоко ниво на квалитет и богатство од вкусови, со цел да бидеме 24/7 партнер за пијалаци.

Тука сме повеќе од 100 години и го поврзуваме нашето културно-историско богатство заедно со моќта на двете глобални групации на кои припаѓаме - Coca-Cola HBC и HEINEKEN. Постојано откриваме нови начини на испорака на најдобра услуга на нашите купувачи и уникатно искуство на нашите потрошувачи. И ќе продолжиме да го правиме тоа на начин што ќе ги инспирира нашите луѓе да победуваат како еден заедно со нашите купувачи.

Повеќе од 100 години градиме силни партнерства со нашите купувачи, потрошувачи и заедницата . Заедно создаваме, заедно растеме и заедно им се радуваме на сите досегашни успеси и на оние што допрва ќе дојдат, затоа што ние сме партнери засекогаш!

АГЕНТ ЗА ГРИЖА НА КОРИСНИЦИ

ШТО НУДИМЕ: 

  • Флексибилност во организирање на работното време
  • Хибриден модел на работа кој овозможува работа од дома
  • Целосно дигитализиран процес на работа базиран на современи алатки и технологии
  • Можност за учење и работа во SAP
  • Достапност на сите програми кои се во рамки на Клуб Пиварци - Програма за унапредување на благосостојбата на вработените
    Фит кит – бесплатна месечна чланарина која овозможува пристап до повеќе од 300 спортски активности
  • Годишно зголемување на плата врз основа на индивидуални перформанси
  • Бесплатни компаниски производи за роденден и празници
  • 24/7 осигурување од незгода
  • Можности за обуки и развој поддржани од две интернационални корпорации

РАБОТНИ ЗАДАЧИ

  • Управува со сите влезни и излезни повици од клиенти и потрошувачи, ги адресира и решава нивните барања;
  • Изготвува налози за нарачки од влезни и излезни повици, нуди производи од портфолиото на компанијата, ги информира клиентите и потрошувачите за цени и го поддржува тимот за продажба во креирањето на нарачки;
  • Управува и со барањата од внатрешни и надворешни клиенти и потрошувачи согласно „front office“ процедурите;
  • Креира барања во систем за потребата од ладилници и инсталации за точено пиво и обезбедува извештаи;
  • Обезбедува лична посветеност и превзема акција за континуирано подобрување на процесите и ситемот.

ШТО БАРАМЕ

  • Работно искуство во Контакт центар и грижа за корисници ќе се смета за предност;
  • Одличен однос кон клиенти и потрошувачи;
  • Одлични вербални и писмени комуникациски вештини;
  • Добро познавање на MS Office - Word, Excel, Power Point;
  • Напредно познавање на говорен и пишан англиски јазик.

 

Доколку се пронаоѓаш во описот и си подготвен/а за нови предизвици и можности за развој, аплицирај најдоцна до 10.02.2025г.

 

Неделното работно време за позицијата е од понеделник до петок, 40 работни часа. Договорот за вработување е на определено време од 6 месеци со можност за продолжување на неопределено време.

Избор на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавените кандидати.

Со праќање на вашата апликација, давате согласност вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од 1 (една) година.

Apply
Send to friend Print

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Marketing, PR and Media amounts to 28.527 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more