За потребите на работниот процес, согласно домашните и меѓународни правила и прописи во дејноста, отворените работни места за:
СМЕТКОВОДИТЕЛ
Основни одговорности:
- Евидиденција/внес на основни средства во модулот и контрола на книжење на фактури за основни средства од сметководствен аспект
- Пресметка во систем и табеларна за редовната амортизација на месечно ниво
- Поддршка на раководител на сметководство во организација на годишен попис
- Водење на табеларна евиденција и книжење на затворени акруали од претходниот период во текот на месецот и подготвка на акруали за тековниот месец
- Контрола на извештаи за екстра наплати од нискобуџетни компании, и книжење на фактури/одобренија за истите
- Подготовка книжење на калулација за концесиски надомест
- Подготовка книжење на останати обврски по основ на концесија
- Подготовка на сите извештаи што се поднесуваат до Статистика и Народна Банка кои содржат сметководствени податоци
- Поддршка на Експерт за контрола на трошоци во делот на сметководствени конта, мапирање со системски ставки, и отварање на нови системски ставки и кодови
Образование:
- VII степен - Високо образование
Задолжителни лиценци:
- Лиценца за овластен сметководител
- Сертификат за Б1 степен за познавање на Англиски јазик
Вештини:
- Добро познавање на ‘MS Office’ особено на ‘Excel’
- Основно разбирање на работа во ЕРП сметководствен систем
- Комуникативност
- Добро организациски вештини
- Тимска работа
- Работа под притисок на кратки временски рокови
Работно искуство:
- Минимум 3-5 години работно искуство
Нудиме динамична и стимулативна средина, како и професионален предизвик.
Ве молиме имајте во предвид дека само избраните кандидати ќе бидат контактирани.
Сите заинтересирани кандидати можат да го испратат своето CV преку полето Брза Апликација.
Со испраќање на Вашето CV сметаме дека сте согласни да ги чуваме Вашите лични податоци до 6 месеци во нашата база согласно правилата за заштита на личните податоци.
Во очекување сме на Вашите апликации!