ManpowerGroup е глобален иновативен лидер во областа на вработувањето, обезбедувајќи услуги и решенија за управување со работната сила за клиенти и помагајќи им на луѓето во нивниот кариерен развој, со цел подобро разбирање на потребите на клиентите и кандидатите во динамичниот свет на трудот.
Во име на наш реномиран клиент од секторот на малопродажба, бараме искусен и квалификуван кандидат за позицијата:
РАКОВОДИТЕЛ НА МАГАЦИН
ЗАДАЧИ ЗА РАБОТНОТО МЕСТО:
Магацинско управување
- Организација и контрола на транспортот на роба од магацин до продавници
- Обезбедување на соодветно складирање на робата
- Контрола и следење на работењето на магацинот, службата за декларирање и онлајн нарачки
- Организација на попис (годишен, квартален или по потреба)
Оперативни процеси
- Делегирање задачи и контрола на работата на вработените
- Водење неделни состаноци и подготовка на извештаи
- Организација на редовен увозно-извозен процес и транспорт
- Дефинирање контролни точки за координација со другите сектори
Логистика и контрола на залихи
- Прием, подготовка, товарење и растовар на роба
- Контрола на враќањето на робата од продавници и управување со залихи
- Подготовка на роба за отпис и организирање магацинска документација
Анализа и подобрување
- Следење на перформансите на службите и предлагање подобрувања
- Обезбедување на континуирано унапредување на квалитетот на работата
Квалификации:
- Најмалку 5 години искуство во управување со операции во слична област
- Силни лидерски вештини за спроведување процесни промени и авторитетно управување
- Способност за комуникација со царински служби и меѓународни партнери
- Основно познавање на англиски јазик
што нудиме:
- Можност да бидете дел од компанија со одлична работна средина
- Конкурентна плата
- Прилики за професионален развој преку обуки и семинари
- Пакет на бенефиции за лојални вработени
Ако сте подготвени да преземете водечка улога и да придонесете за успехот на реномирана компанија, ова е вистинската можност за вас! Аплицирајте денес и станете дел од нивниот тим!