СЕРВИСЕН СОВЕТНИК (1 позиција)
Клучни одговорности:
- Се грижи и одговара за работењето во сервисот од приемот на возилото, отварање на работен налог па се до реализирање
- Закажува термини за поправка на возила врз основа на потребите на клиентите и капацитетот на сервисот
- Врз основа на спроведената дијагностика обезбедува препораки и решенија за решавање на кваровите и проблемите, и обезбедува детални пресметки за трошоците за сервисирање; креира и управува са работниот налог
- Ја изготвува конечната пресметка за извршените услуги и обезбедува појаснувања за трошоците
- Предлага дополнителни услуги кои би можеле да бидат корисни за клиентите;
- Ги следи техничките достигнувања и ги применува во работниот процес;
Барања:
- Висока стручна подготовка (најмалку VIА степен)
- Најмалку 2 години работно искуство
- Одлично познавање на Microsoft Office (Excel, Word, Power Point)
- Добри комуникациски вештини
- Посветеност, иницијативност, желба за учење и лична надоградба
Аутомакедонија Групацијата нуди конкурентен финансиски надомест, атрактивен деловен пакет, динамична работна средина, можности за обуки и кариерен развој. Изборот ќе се направи со јасни критериуми по пат на тестирање и интервјуирање на кандидатите.
Ако сте заинтересирани и сте сигурни дека ги исполнувате горенаведените услови, Ве молиме испратете го вашето резиме (Curriculum Vitae) и мотивационо писмо преку Брзата Апликација најдоцна до 14.02.2025 година.