БЦА е прва и најстара ќерка фирма во групацијата АДИНГ и во своите повеќе од 30 години постоење, тесно специјализира во трговијата на големо со градежни производи. Денес, веќе прерасна во лидер на пазарот за пласман на геосинтетици и темелни и кровни мембрани и зема учество на сериозни индустриски и инфраструктурни објекти.
БЦА (Бизнис Центар Адинг) вработува:
МАГАЦИОНЕР
Работни обврски:
- Прием, евиденција, чување и издавање на готов производ;
- Води евиденција на залихи и го следи рокот на лагеруваните производи;
- Изготвува периодични писмени извештаи за состојбата во магацините;
- Оформува и издава потребна документација за прием или издавање на материјалите;
- Се грижи за уредноста на магацинскиот простор и одговорен е за неговото функционирање;
Потребни квалификации:
- Потребно образование: ССС
- Познавање на работа со компјутери (MS Office) и уредност во работењето.
- Да сте тимски играч и исполнителни во работата.
- Возачка дозвола: Б категорија.
- Претходно работно искуство на иста или слична позиција ќе се смета за предност.
Испратете ни ваше CV преку полето Брза Апликација најдоцна до 17.02.2025 (понеделник).
*Вработувањето е најпрво на определно време на 6 месеци, со можност за склучување на договор за неопределно време. Работното време е во деновите понеделник – петок, од 07.30 до 15.30 часот.