Моментално имаме потреба од 1 (едно) ново вработено лице за работно место
Координатор за нарачки - во ПЕ ТЕЛ АД
одговорности и задачи :
- Контрола и следење на налог за нарачка на материјали откако е активиран во МРП системот
- Управување со процесот на нарачки од овластени добавувачи: потврда на нарачка, потврда на датуми за испорака, евентуални тековни измени во испораките и сл.
- Следење и контрола на дневен извештај за залихи и недостиг на материјали и постојана комуникација со тимот за набавки
- Координација со целокупниот тим на Тел АД во Израел и Кина во делот за нарачки и нивна испорака
- Следење и решавање на тековни проблеми (промени во цена, фактурирање, начин на пакување и сл)
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
- Образование : високо образование, предност – Економски факултет
- Работно искуство : во производствена фирма од соодветната област или искуство во директна комуникација со клиенти/ фирми
- Знаења и вештини : солидно познавање на работа со компјутери MS Office (Excell)
- Способности: комуникациски способности, способност за тимска работа, способност за работа под притисок и со кратки рокови;
- Напредно познавање на Англиски јазик
Вашите апликации ги очекуваме најдоцна до 12.02.2025 год. преку полето Брза Апликација или директно во канцеларијата на оддел за човечки ресурси. Задолжително ставете назнака:
Напомена:
- Ќе бидат контактирани само лицата кои ќе влезат во потесен избор.
- Апликациите без назнака за кое работно место се однесуваат нема да се земат во предвид.