Vrabotuvanje.com - Планер на производство - Скопје - ТЕЛАМОН-ЕВРОПА ДООЕЛ
Share
Tweet
Share
Send to friend

Планер на производство

Скопје

Application deadline:

  • ТЕЛАМОН-ЕВРОПА ДООЕЛ

Како една од најголемите приватни компании во Индијана, САД – Теламон индустриски решенија обезбедува производствени услуги за клиенти од автомобилската индустрија.

Во Теламон, фокусот е во деталите на секој проект, а гранката индустриски решенија го отелотворува ова верување до самата срж.
Затоа, за поддршка на нашата фабрика во Скопје, бараме планер на производство/материјали кој ќе му се приклучи на тимот логистика во исполнување на нашите цели.

Ова лице ги поддржува производните активности, вклучувајќи распоред на производството, разгледување на барањата на клиентите и достапност на материјалите, нивна набавка во сериско производство, водење на евиденција за испорака и тековното производство и интерна комуникација во врска со производствените прашања.

Планер на производство/материјали
 
 
Обврски: 
  • Креира распоред за производство и врши промени кога е потребно за да ја оптимизира ефикасноста на производството.
  • Креира нови или ги менува постоечките порачки  во ЕРП системот за испраќање на нарачките, или зголемување/намалување на барање со цел навремена достава на матерјали.
  • Изработува налози за набавка врз основа на добиените планови за производство и барања на клиент.
  • Изработува анализа и комуницира со добавучи за рокови на испорака согласно потребите на производство и барањата на купувачите.
  • Процесната испорака вклучува изработка на фактури, порачки кон добавувачи итн.
  • Врши проверка на залихите на готов производи и матерјали, за да утврди каков е прогресот во работните налози, и се грижи за обезбедување на оптимално ниво на залихи.
  • Следи и одржува  точна залиха на готови производи и матерјали.
  • Известува за кусок на материјали.
  • Помага при испраќањето на производи за да одговори на барањата на клиентите.
  • Лице за контакт за набавка на матерјали за сериско производство.
  • Соработува со лицата за испорака за да разреши некои прашања за тековни или минати испораки, како и соработува со добавувачите за слични проблеми.
  • Помага во решавањето на проблеми поврзани со варијации во испораката од страна на клиентите.
 
Работно искуство/образование: 
  • Способност за работа во динамична средина.
  • Способност за самомотивирање и тимски играч.
  • Напредно користење на  MS Office.
  • Способност за изработка на извештаи и коресподенција.
  • Способност за решавање проблеми и способност за управување со различни стандардни ситуации. 
  • Идентификување на сложени проблеми и податоци за развој, евалуација и имплементација на решенија.
  • Познавање на  IATF 16949 стандарди 
  • Познавање од областа на практиките за  lean производство како на пр. JIT, Kanban, Takt time.
  • Способност за вршење аналитички активности.
  • Диплома за завршено високо образование.
  • 1-2 години  искуство во производствена средина.
  • Познавање англиски јазик – говорење и пишување.
 
Што нудиме?
  • Високо ценета позиција и можност за раст;
  • Искуство со работа во меѓународна компанија со седиште во САД;
  • Конкурентен финансиски пакет;
  • Флексибилно работно време во рамки на внатрешни правила;
 
Апликациите може да ги доставите преку полето Брза Апликација
Сите пристигнати апликации ќе бидат разгледани во строга доверливост.Само кандидатите од потесниот круг ќе бидат контактирани за интервју.
 
Fast apply
Send to friend Print

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Economy, Finance and Accounting amounts to 28.521 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more