#TRAVEL #CHALLENGE #YES #FEEL_GOOD
Со почетокот на годината и сезоната на патувања, тимот на Балкан Фан Македонија се проширува. Во потрага сме по млада вредна и креативна личност.
АГЕНТ ЗА ПРОДАЖБА
Опис на работното место:
- Комуникација со клиенти и продажба на туристички аранжмани (летни одмори, зимски аранжмани, екскурзии и викенд патувања).
- Советување на клиенти во изборот на идеален одмор според нивните желби и потреби.
- Резервација на аранжмани
- Административна работа поврзана со продажбата на аранжмани.
- Одржување на одлични односи со постојните и потенцијалните клиенти.
Што бараме?
- Минимум средно образование (предност имаат кандидати со факултетско образование во областа на туризмот, економијата или маркетингот).
- Искуство во продажба на туристички аранжмани(работно искуство во туристичка агенција, работно искуство во туризаме) предност имаат овие кандидати
- Познавање на англиски јазик (познавање на дополнителни јазици е предност).
- Вештини за комуникација, продажба и тимска работа.
- Познавање на работа со компјутер (MS Office, e-mail, резервациски системи).
Што нудиме?
- Работно време: понеделник – петок (7 работни часа), сабота (5 работни часа). Работно време на канцеларијата е од пон-петок од 10-18часот сабота од 10-14
- Динамична и пријатна работна средина.
- Можност за професионален развој и напредување
- Почетна плата 30.000 денари
- Плус бонуси
Испратете го вашето CV преку полето Брза Апликација со наслов „Апликација за агент за продажба“.