ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
Централна кооперативна банка АД Скопје вработува кандидат за работнo местo: Соработник за картично работење - Скопје
Работниот однос е на определено време 6 месеци.
Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот
Неделно работно време: понеделник – петок
Работното место воглавно ги опфаќа следниве работни активности:
- обработка на барања за издавање на картички и продажни места;
- подготовка на персонализирани картички;
- опслужување на корисници на картички;
- опслужување на експозитурите/филијалите за картичното работење;
- следење на работењето на банкоматите и продажните места;
- подготвување фајлови и размена на истите со процесинг центарот;
- комуникација со процесинг центарот;
- комуникација со меѓународни платежни институции MasterCard и Visa;
- следење на законска регулатива и регулатива на платежни институции;
- активно учество во проекти;
- информирање на својот претпоставен за сите активности и за други значајни проблеми од областа на работењето на организационата единица;
- поставување и одржување на позитивни работни врски со внатрешни и надворешни субјекти, за постигнување на целите на Банката;
- изготвување редовни извештаи за своето работење до Раководителот на Службата, Управниот одбор и другите органи и одбори во динамика, форма, содржина и други податоци согласно законската и подзаконска регулатива, актите на Банката, одлуките на органите на Банката и задачите поставени од Раководителот на Службата, а во врска со сите работни процеси, работи и работни задачи во надлежноста на Службата.
Кандидатите треба да располагаат со следниве квалификации и познавања:
- VII/1 степен - универзитетско образование
- Одлично познавање на англискиот јазик;
- Одлична примена на компјутерските програми за обработка на текст, табели, електронска пошта и интернет.
- Најмалку 1 години релевантно работно искуство од областа на картичното работење
Избраниот кандидат треба да ги поседува следниве компетенции и вештини:
- Да умее да постави и одржува позитивни работни врски и односи со внатрешни и надворешни субјекти, за постигнување на поставените цели;
- Ефективна комуникација;
- Тимска работа;
- Прецизност;
- Лојалност и одговорност.
За ова работно места е предвидена основна нето плата во зависност од квалификациите и искуството на кандидатот.
Банката нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување како и напредок и развој во кариерата. Доколку сакате да станете дел од нашиот успешен тим, испратете CV и пропратно писмо на hr@ccbank.mk. Вашата апликација задолжително треба да го содржи работното место за кое аплицирате.
Огласот ќе биде активен заклучно со 14.02.2025 година.
Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување. Само кандидатите со уредни и навремени апликации, а кои одговараат на условите наведени во огласот, ќе бидат поканети на тестирање, односно интервју кое претставува дел од процесот на селекција на кандидати за вработување во Банката.
Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.
Централна кооперативна банка АД Скопје
Ул. 1732 бр. 2
1000 Скопје Р. Македонија
Email: hr@ccbank.mk
Тел. (02) 3 249 308