Финансиско друштво M Кеш Македонија ДООЕЛ Скопје е небанкарска финансиска институција, специјализирана за брзо одобрување и исплата на мали, необезбедени потрошувачки кредити, кое е дел од Management Financial Group (MFG), групација која обезбедува финансиски услуги во Бугарија, Украина, Романија, Полска, Македонија и уште многу други земји ширум светот.
Ние сме млад тим од искусни професионалци, сакаме да работиме напорно и да бидеме најдобри. Ако си подготвен да ни се придружиш на нашето патување, ќе ни биде задоволство да ни се приклучиш во тимот !
Како резултат на брзата експанзија и потребата од добра организација ФД М Кеш Македонија ДООЕЛ Скопје има потреба од Правник.
Идеалниот кандидат треба да биде лидер, да има искуство во менаџирање на вработени, резултатно ориентиран, добро организирана и самоиницијативна личност која може да понуди брзи решенија за новонастанати ситуации.
Правник
Работни задачи и одговорности:
- Сеопфатни правни услуги;
- Правни совети;
- Изработка на дописи, акти и сите видови извештаи потребни за пред надлежни институции;
- Застапување и заштита на интересите на работодавецот пред државни органи;
- Изготвување на правила, процедури и политики за работење;
- Познвање на регулативата на Закон за спречување перење пари и финансирање на тероризам
- Консултантски услуги за секој вид на договори;
- Обезбедување на законска услогласеност со дејноста на друштвото;
- Истражување и проценка на различни фактори на ризик во врска со деловни одлуки и активности;
- Применување ефективни техники за управување со ризик и проактивни совети за можни правни проблеми;
- Комуникација и преговарање со надворешните страни, регулатори, надворешни соработници, државни органи и клиенти;
- Редовно следење и навремено информирање за измените во применливите прописи;
- Учество во нови проекти;
- Давање на совети, правни мислења и предлози во врска со нови продукти, процеси и проекти;
- Целосно спроведување на постапки пред надлежни институции за промени на управител, основна главнина, отворање на нови ПП, регистрација/пререгистрација на работно време;
- Носење на одлуки поврзани со секојдневното работење;
- Имплементирање на измените од соодветните закони;
- Подготовка или ревидирање на политиките и процедурите за да се осигура усогласеност;
- Асистирање на останатите оддели, како што е потребно;
- Навремено известување за ризик согласно важечките закони и прописи;
- Спроведување на интерни оценки, проверки и тестирања на потенцијалните ризици од работењето;
- Давање на насоки за усогласеност на работењето;
- Следење на ризиците и преземање на мерки за намалување на истиот;
- Навремено идентификување на новите ризици кои произлегуваат од новите прописи во врска со финансии, лични податоци, перење пари.
- Следење и имплементирање на регулативи, закони и политики релевантни за финансискиот сектор.
- Развивање и ажурирање на интерни процедури и политики за комплајанс во согласност со законските барања.
- Изработка на извештаи за усогласеност и комуникација со регулаторните тела.
- Давање правни совети и поддршка за различни правни и деловни прашања поврзани со финансиски трансакции, договори и корпоративни активности.
- Изработка, ревизија и анализа на договори, општи услови и други правни документи.
- Решавање на правни спорови и застапување на компанијата пред судови и други институции.
- Контрола и мониторинг на сомнителни трансакции и подготовка на извештаи за финансиски разузнавачки служби.
- Обезбедување правна поддршка за корпоративното управување, вклучувајќи регистрирање на промени во трговскиот регистар.
- Учество во спроведување на интерни ревизии за проценка на усогласеноста со регулативите и процедурите.
- Давање препораки за подобрување на системите за внатрешна контрола.
- Координација со адвокатски канцеларии, ревизори и регулаторни тела.
Квалификации:
- Задолжително високо образование;
- Минимум 3 години работно искуство во дејноста. Искуство во работењето со небанкарски финансиски институции ќе се смета за предност;
- Одлично познавање на англиски јазик;
- Oдлично познавање на MS Office;
- Поседување на возачка дозвола Б – категорија.
Потребни вештини:
- Одлични интерперсонални вештини (одговорност за вработените, контрола на тимот и претставување на друштвото);
- Комуникативност, прецизност, лојалност, иноватиност, тимска работа, добра организираност;
- Можност за извршување на задачи во куси рокови и справување со работа под притисок;
- Способност за планирање на своите работни обврски како и ефективно планирање и насочување на работните задачи на тимот;
- Самоиницијативност;
- Способност за индивидуална и тимска работа;
- Комуникациски и организациски вештини.
Ние нудиме:
- Компетитивна плата;
- Пријателска работна атмосфера;
- Работа во брзо растечко друштво нуди индивидуален раст и развој на своите вработени;
- Работа со фантастичен тим од професионалци и индивидуалци кои веруваат во интегритет, тимска работа и отворена комуникација;
- Приватно здравствено осигурување;
- Можност за внатрешни и надворешни обуки за усовршување;
- Учество во општествено одговорни активности.
- Ваучер за склучен брак
- Ваучер за родено дете
Испратете го вашето CV и мотивационо писмо преку полето Брза Апликација.
![](/data/Vrabotuvanje/new site pics/M KESH/footer.jpg)