Осигурителното брокерско друштво М БРОКЕР АД Скопје е акционерско друштво овластено за вршење на осигурително брокерски работи со дозвола број УП1 – 14 – 1 – 52 од 07.04.2022 година издадена од Агенцијата за супервизија на осигурување. М БРОКЕР АД Скопје е основано од МФГ Бугарија, групација која е предводник во небанкарските финансиски услуги на пазарот во Централна и Источна Европа со повеќе од 8.300 вработени и соработници, лоцирани во повеќе од 450 канцеларии во Бугарија, Украина, Романија, Полска, Шпанија и Северна Македонија.
Седејќи ги динамичните промени на пазарот на капитал и потребата од иновативни решенија во моментот сме во потрага стратешки ориентирана и мотивирана личност со визија, лидерски капацитети, разбирање и познавање на од областа на осигурување, финансии, регулаторни стандарди и корпоративно управување, кој ќе ја преземе улогата на
Извршен Директор
ОПИС НА РАБОТНА ПОЗИЦИЈА:
Стратешко управување, управување со продажба и клиентски односи
- Развивање и имплементација на среднорочна и долгорочна стратегија на друштвото
- Развој и надзор на продажните стратегии за различни осигурителни производи
- Дефинирање на клучни бизнис цели и креирање стратегии за нивно остварување
- Одржување и проширување на мрежата на клиенти и деловни партнери
- Идентификување на нови бизнис можности и производи
- Изготвување планови за продажба и следење на нивно дневно/месечно/годишно исполнување
- Преговарање со клучни клиенти и партнерски организации за нудење и подобрување на услугите
- Следење на трендовите на осигурителниот пазар и конкурентската анализа
- Унапредување на релациите со клиенти, и осигурителни агенти
- Стратегиско позиционирање на компанијата на пазарот преку маркетинг и продажба
- Развој на програми за задржување и лојалност на клиентите
Финансиско управување
- Контрола и анализа на финансиските перформанси на компанијата
- Изготвување и управување со буџетот,
- Проектирање на финансиските резултати и анализа на ризиците
- Креирање на стратегии за зголемување на приходите и профитабилноста
- Развој на стратегии за зголемување на приходите и намалување на оперативните трошоци
- Обезбедување финансиска стабилност преку соодветно управување со ликвидноста
Оператвно управување
- Организација и координација на сите активности во брокерското друштво
- Обезбедување оперативна ефикасност и контрола на ризиците
- Развој и имплементација на политики за унапредување на работењето
Регулаторна и правна усогласеност
- Обезбедување дека сите активности на друштвото се во согласност со регулаторните барања и законодавството
- Соработка со надлежните институции
- Надгледување на процесите за усогласеност со внатрешните политики и меѓународните регулативи
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ
- Завршено високо образование (економски факултет, банкарство, менаџмент или друга релевантна област)
- Лиценца за брокер ќе се смета за преднсот
- Минимум 3 години работно искуство во областа
- Минимум 2 години искуство на раководна позиција
- Напредно познавање на MS Office пакетот, особено на алатката Excel
- Одлично познавање на англиски јазик
Очекувани способности и вештини
- Стратешко размислување – Способност за развивање и имплементација на долгорочни и краткорочни стратегии за раст на компанијата.
- Аналитички способности
- Тимски дух и способност прилагодување во нова средина
- Лидерски и Менаџерски способности
- Донесување одлуки – Брзо и ефективно носење одлуки базирани на анализи и податоци.
- Решавање на проблеми – Проактивен пристап во идентификување и надминување на предизвици во работењето.
- Адаптибилност и флексибилност – Брзо прилагодување на променливи пазарни услови и нови регулативи
- Јасна и ефективна комуникација – способност за пренесување на информации
- Преговарање и убедување – Способност за склучување договори и постигнување на најдобри можни услови за компанијата
- Проактивност и иницијативност – Способност за иницирање на нови проекти и иновации во работењето.
НИЕ НУДИМЕ
- Конкурентна плата
- Приватно здравствено осигурување
- Динамична и професионална работна средина во реномирана групација
- Можности за кариерен напредок и континуирано професионално усовршување
- Работа со тим од професионалци кои веруваат во интегритет,тимска работа и отворена комуникација
Испратете го вашето CV и мотивационо писмо преку полето Брза Апликација.
Мисија
Ние сме водени од технологија, иновативност и грижата за нашите клиенти и постојано сме посветени на создавање на иновативни и креативни решенија за овозможување одлично корисничко искуство за нашите клиенти и партнери.
Нашата мисија е да бидеме првиот избор кај македонските граѓани при потреба од осигурување, како поради грижата и вниманието, така и поради брзината, удобноста и достапноста на нашите услуги.
Стратегија
Нашата стратегија е да бидеме брзи и едноставни во комуникацијата со нашите клиенти и секогаш достапни за нив како преку Продавниците за полиси на М Брокер и Продавниците за пари на М Кеш, така и преку онлајн каналот за продажба.