![](/data/Vrabotuvanje/new site pics/2024/Vrabotuvanje HR Solutions/novo logo hr.jpg)
Вработување ХР Солутионс за потребите на клиент е во потрага по:
Офис менаџер/Административен асистент
кој ќе е одговорен за обезбедување ефикасно функционирање на административните задачи во компанијата
Одговорности:
- Организација и одржување на документацијата (договори, архиви, кореспонденција).
- Комуникација со клиенти, партнери и добавувачи, како преку телефон така и преку електронска пошта.
- Управување со дневните канцелариски операции (пошта, набавки, канцелариски материјали).
- Подготовка на извештаи, презентации и други релевантни документи.
- Календарско управување и организирање состаноци и настани.
- Поддршка на раководството и тимовите преку логистичка и административна помош.
Потребни квалификации:
- Завршено минимум средно образование.
- Задолжително поседување возачка дозвола Б категорија (активен возач).
- Одлично познавање на MS Office пакетот (Word, Excel, PowerPoint).
- Одлични организациски и мултитаскинг способности.
- Силни комуникациски и меѓучовечки вештини.
- Способност за работа под притисок и почитување на рокови.
- Познавање на англиски јазик (предност).
Ве покануваме да ја поднесете вашата апликација преку полето Брза Апликација, со ваша биографија.