СОРАБОТНИК ВО ПРОДАЖБА (1 позиција)
Профил на кандидатот:
- Образование – ВСС, Економски факултет, Машински факултет или некои од факултетите од доменот на природни или општествени науки
- Без работно искуство или со мало работно искуство
- Познавање на Microsoft Office (Excel, Word, Power Point)
- Познавање на англиски јазик
- Добри комуникациски и продажни вештини
- Посветеност, самоиницијативност, желба за учење и лична надоградба
- Висок личен интегритет и деловна културa
Работни задачи:
- Вклученост во продажните активности на патнички, товарни возила и автобуси од програмата на Аутомакедонија, заедно со останатите колеги од продажниот тим
- Градење професионални деловни релации со постојните и нови клиенти
- Заедно со поискуни колеги, организирање и реализирање продажни посети на клиенти и деловни субјекти за презентирање на понуди на специјални и надградени комерцијални и товарни возила и сервисни услуги
- Понудување и продажба на останатите услуги на Аутомакедонија Групацијата како сервисни услуги, технички услуги за хомологација, атести, регистрација на возила, осигурување, помош на пат и останати услуги од портфолиото
Аутомакедонија Групацијата нуди конкурентен финансиски надомест, атрактивен деловен пакет, динамична работна средина, можности за обуки и кариерен развој. Изборот ќе се направи со јасни критериуми по пат на тестирање и интервјуирање на кандидатите.
Ако сте заинтересирани и сте сигурни дека ги исполнувате горенаведените услови, Ве молиме испратете го вашето резиме (Curriculum Vitae) и мотивационо писмо преку Брзата Апликација најдоцна до 17.02.2025 година.