Vrabotuvanje.com - Продажен комерцијалист во сектор Општа хигиена и Хо.Ре.Ка - Скопје - Primatex Branka DOOEL
Share
Tweet
Share
Send to friend

Продажен комерцијалист во сектор Општа хигиена и Хо.Ре.Ка

Скопје

Application deadline:

 

Приматекс – Скопје e една од водечките компании во регионот во областа на хигиената, со широка палета на производи од познати брендови кои ги држат водечките позиции во нивните категории (Diversey, Tork, Filmop, Vileda Professional, Bayer Environmental Science, Lucart Group, Unichem, Vectair Systems и др.).

Преставуваме водечки регионален дистрибутер на овие светски премиум брендови на производи за професионална хигиена, со директна дистрибуција во шест главни групи на клиенти.

Приматекс нуди работа во динамична и иновативна работна средина во која активно и квалитетно се следи успехот во работењето, а развојот на кариерата и напредокот на поединците зависи од остварените индивидуални резултати. Повеќе за нашата компанија може да пронајдете на нашата веб страна www.primatex.com.mk

Доколку сте во потрага за нови професионални предизвици, мотивирани и подготвени за нови успеси, понудата наведена подолу би можела да биде можност токму за Вас.

Ги повикуваме заинтересираните кандидати да се пријават на конкурсот за работно место:

ПРОДАЖЕН КОМЕРЦИЈАЛИСТ ВО СЕКТОР ОПШТА ХИГИЕНА И ХО.РЕ.КА

Главни области на одговорност:

  • Да ги води, организира, надгледува работите за реализација на продажба и маркетиншката стратегија и целите  за  делот на Општа хигиена, канал партнери и ХО.РЕ.КА сектор
  • Извршува теренска посета до клиентите нудејќи производи, технички решенија и апликации
  • Изработува и предлага годишен продажен план за сопствената работа во овој сектор
  • Да ги познава категориите на производи кои се нудат во секторот
  • Обезбедува проток на информации и ги координира активностите заедно со Директор на продажба.
  • Непосредно и плански го следи и анализира пазарот, дистрибуцијата, асортиманот, позиционирањето на производите и поднесува редовни неделни и квартални извештаи;
  • Ја идентификува конкуренцијата на пазарот и известува за предностите и слабостите на конкуренцијата
  • Ги планира потребните залихи и асортиманот на производи од групите на производи според планираната динамика за продажба;
  • Развивање и одржување на грижа за корисници согласно преопраките на компанијата

Потребни квалификации:

  • ССС или ВСС со предлог од следниве области техничар/технолог (сите насоки), техничар/доктор на ветерина, земјоделски инженер (сите насоки) хемиски техничар/инженер (сите насоки), менаџмент, економија, маркетинг);
  • Добро познавање на компјутерски апликации - Microsoft Office, посебно Excel, email;
  • Солидно познавање на англиски јазик;
  • Возачка дозвола од Б категорија и возачко искуство
  • Работно искуство од минимум 1-3 години на соодветна или слична работна позиција – ќе се смета за предност
  • Комуникациски и говорни вештини

Што очекуваме:

  • Аналитичност и посветеност во работењето;
  • Желба за учење, развој и контиунирана едукација
  • Комуникативност, самоиницијативност и одговорност;
  • Желба за успех
  • Тимско работење, организираност и истрајност;

Што нудиме:

  • Работа во динамична компанија
  • Контиунирана едукација и напредување
  • Службен пакет за комуникација;
  • Службено возило
  • Солидна и стимулативна заработка

Доколку имате желба да се приклучите на нашиот продажен тим, Ве молиме испратете ја Вашата биографија, работно искуство и фотографија преку полето Брза Апликација.

Сите селектирани кандидати ќе бидат повикани на разговор во нашата компанија со однапред договорен термин. 
Ве молиме без телефонски јавувања. 

Приматекс – Скопје
Бул. Александар Македонски бр.46А, 1000 Скопје

Fast apply
Send to friend Print

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Sales amounts to 22.310 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more