Vrabotuvanje.com - Account Manager (Продажно лице за ИТ опрема и потрошувачка електроника) - Скопје - ПАКОМ КОМПАНИ ДООЕЛ
Share
Tweet
Share
Send to friend

Account Manager (Продажно лице за ИТ опрема и потрошувачка електроника)

Скопје

Application deadline:

  • ПАКОМ КОМПАНИ ДООЕЛ

Паком Компани д.о.о.е.л. Скопје, е членка на М САН групација, најголема регионална компанија со дејност дистрибуција на производи од ИТ технологија, потрошувачка електроника и емобилност и обновлива енергија. Причините за нашиот успех се компетентност и интеграција во работење на сите сегменти и активности, квалитетна дистрибутивна и сервисна мрежа, професионално обезбедени услуги кон потрошувачите, партнерите и крајните корисници, како и ефикасна логистика, финансиска стабилност и регионална координација, поддржани од постојано воведување на иновации во сите сегменти на работењето.

Account Manager
 (Продажно лице за ИТ опрема и потрошувачка електроника)

Работно место во Скопје

Што добивате:

  • Конкурентна плата + месечни бонуси согласно остварените таргети
  • Работни денови од понеделник до петок
  • Компаниско колективно осигурување од повреда при работа во и вон работно време
  • Службен телефон
  • Приватно здравствено осигурување по истек на пробен период
  • Поволности за вработените за купување на производи кои ги дистрибира фирматa
  • Можност за присуство на спортски активности, тим билдинг и останати настани и активности организирани од страна на компанијата
  • Можност за стручно усовршување во областа со платени обуки, тренинзи, курсеви и работилници за стекнување на соодветни вештини и знаења, можност за континуирана едукација
  • Работа во професионална средина и работа во тим кој е секогаш подготвен да ви помогне
  • Работа во интернационaлна групација, динамична работа исполнета со нови предизвици и стекнување нови искуства и вештини
  • Можност за наградување и напредок во рамки на компанијата


Работни задачи:

  • Одговорен за продажни активности и комерцијални резултати на Паком продуктно портфолио кон листа на купувачи - партнерска мрежа
  • Оперативно спроведување на продажни пазарни активности и промоции за дефинирано портфолио на производи кон листа на купувачи
  • Следење на трендови и активности на пазарот, конкуренција, квалитетно и навремено позиционирање на нашите производи кај делегираните продажни партнери
  • Проширување на портфолио на брендови и производи со цел зголемување на пазарен удел кај продажните партнери
  • Позиционирање на производи во канал продажни партнери и нивни продажни места во согласност со стратегијата на поедини брендови
  • Изработка и ангажман за реализација на продажни партнерски годишни планови
  • Учество во планирање и организација на продажни и промотивни активности и нивно спроведување во партнерски канал
  • Преговарање и одржување на квалитетен однос со партнерски канал, унапредување, проширување на портфолио и зголемена соработка со продажни партнери
  • Редовна посета, организирање и водење на состаноци и самостална комуникација со доделени продажни партнери

Од кандидатот очекуваме: 

  • Завршено ВСС
  • Претходно искуство на позицијата ќе се смета за предност
  • Добро познавање на пазарот и продажните партнери за ИТ, аксесоари и потрошувачка електроника
  • Возачка дозвола, Б категорија
  • Познавање и користење на ИТ технологија, МS Office програми и други алатки
  • Одлично развиени комуникациски и преговарачки вештини и професионално продажно претставување на портфолиото и компанијата
  • Развиени аналитички способности, упорност и истрајност во реализација на продажни планови, самостална организираност. Совесност во работењето и одлучност за навремено делување
  • Проактивност, фокусираност и посветеност кон реализација и остварување на резултати
  • Познавање и користење на англиски и српски или хрватски јазик во делот на деловна комуникација

Краен рок за аплицирање: 09.03.2025 година


Ако сакате да се приклучите на нашиот тим и станете дел од нашата успешна приказна

Apply
Send to friend Print

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
IT, Telecommunications amounts to 45.517 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more