Vrabotuvanje.com - Бренд Менаџер (Brand Manager) - Скопје - ОРБИКО ДОО
Share
Tweet
Share
Send to friend

Бренд Менаџер (Brand Manager)

Скопје

Application deadline:

  • ОРБИКО ДОО

 

Орбико е водечки дистрибутер за голем број на квалитетни, глобално познати брендови кои се движат од производи за нега и убавина, прехрамбени и непрехрамбени производи, технички и електрични апарати, лекови, играчки, текстил, цигари, моторни масла и многу други производи. Богатиот и разновиден спектар на брендови и производи бара висок степен на флексибилност, отвореноста на постојани промени, флексибилна организација и инвестирање во развој на луѓето и во брендовите.

Орбико има потреба од огласување за подолу наведената работна позиција:
 


Бренд Менаџер (Brand Manager)

1 Извршител

 

 

Цел на работно место:

  • Да планира, организира и контролира маркетинг активност, поврзана со одредени производи, кои што фирмата ги дистрибуира.

Работни должности:

  • Да ги следи месечните планови и да се грижи за нивно исполнување;
  • Да одговара за реализирањето на целите за продажба и профитот и поднесува калкулации на сите производи на претпоставениот и на принципалот;
  • Креативност, фокус и развој на брендови;
  • Способност за анализа на податоци на пазарот;
  • Да изготвува план за развој на маркетинг;
  • Да одговара за дефинирање на визијата и развивање на стратегијата за брендовите и портфолиото;
  • Да одговара за нарачка и правилна употреба на рекламни материјали поврзани со брендот со цел постигнување на подобри деловни резултати, маркетинг цели на организацијата и малопродажбите;
  • Да го информира претпоставениот за актуелни вести поврзани со трговската стратегија за имплементирање на нови производи, карактеристики, предности и активности;
  • Да одговара за надворешниот увоз нарачан од партнерот, да потврдува за достапноста на стоката и да  управува со инвентарот;
  • Да презентира пред релевантните оддели  документи со кои што ќе  ги оправда трошоците,  во наведените рокови;
  • Да го организира месечниот извештај и да ги контролира  сите трошоци извршени за маркетинг активности на производите, за кои што е одговорен;

Потребни услови за вршење на работата:

  • Вид на образование:  ССС / ВСС
  • Работно искуство во струката: 5 години

Други професионални квалификации, способности и вештини, вклучувајќи и лични квалитети:

  • Одлично познавање на англиски јазик;
  • Компјутерски вештини и способности;
  • Комуникациски способности;
  • Организациски вештини;
  • Преговарачки вештини;
  • Вештини за маркетинг;
  • Способност добро да дефинира приоритети во секојдневната работа;
  • Вештини за самостојно и усогласено решавање на проблеми;
  • Одговорност, иницијатива, доверливост;
  • Тимска работа и  пренесување знаење;
  • Професионален однос;
  • Возачка дозвола Б-категорија;

 
Испратете ваша работна биографија најдоцна до 01.03.2025 година, преку полето Брза Апликација.

Само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.

Со аплицирање, се согласувате вашите информации да се чуваат во нашата база на кандидати во рок од 12 месеци.

Fast apply
Send to friend Print

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Management amounts to 39.113 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more