Vrabotuvanje.com - Софтверски инженер за развој на кориснички интерфејси - Скопје - Македонски Телеком АД-Скопје
Share
Tweet
Share
Send to friend

Софтверски инженер за развој на кориснички интерфејси

Скопје

Application deadline:

  • Македонски Телеком АД-Скопје

 
Ние сме првиот и најдобар телекомуникациски оператор во Македонија, и веќе 23 години сме горд член на Групацијата Дојче Телеком. Нашата мисија е сите наши корисници да добијат исклучителни услуги и грижа, па поради тоа постојано инвестираме во најнови технологии и најиновативни продукти, услуги и процеси.  Во функција на остварување на оваа наша стратешка определба, постојано ги следиме и применуваме најновите методи во развојот на ИТ решенијата според највисоките светски стандарди. 
 
Нашите вработени се нашето најголемо богатство, а ние им обезбедуваме можности да го развијат својот потенцијал и да дадат свој придонес со своите силни страни и идеи, да бидат креативни, да работат со голема автономија, фокусирани на резултатите и корисниците, но и да се забавуваат додека сме на работното место.
 
Приклучете ни се и заедно ќе работиме на проекти преку кои оставаме белег во општеството, вложувајќи во професионалниот и личниот развој, кој е неминовен.  Ајде заедно да го создаваме дигиталниот свет од иднината. 

 
Софтверски инженер за развој на кориснички интерфејси
 
 
Во моментов бараме Софтверски инженер за развој на кориснички интерфејси кој ќе се приклучи на нашата динамична работна средина и ќе учествува во развој на напредни ИТ решенија користејќи современи технологии и микро-сервисна архитектура организирани според агилна методологија.

 
Работни задачи:
  • Развој на UI/UX компоненти во софтверските решенијата
  • Учество во дизајнирање на корисничките интерфејси на решенијата според бизнис потребите на барањата
  • Помош во градење на код и библиотеки што можат да се користат и во иднина
  • Проверка на внесените информации од корисниците, со цел да се провери дека истите се целосно валидирани пред да се достават до back-end
  • Добри познавања на микросервисна архитектура во градењето на решенијата
  • Учество во развојот на позадинските компоненти, со користење на познавања на:
  • HTML, JavaScript, CSS, Sass и Bootstrap,реактивен веб дизајн, интеграција на веб услуги (REST, AJAX)
  • Познавања и користење на системи за контрола на верзии (Git) во развојот на компонентите

Потребни квалификации:
  • Технички факултет, ИТ и компјутерски науки, телекомуникации, Електротехнички факултет или други факултети   
  • Одлично познавање на HTML, JavaScript, CSS и Bootstrap
  • Познавање  на концепти на микросервисна архитектура
  • Познавање на реактивен веб дизајн (Angular, Reactive)
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Напредно познавање и искуство со Jira, Confluence и други алатки за управување со проекти
  • Способност за работа во средина каде брзо се извршуваат работните задачи и почитување на крајни рокови, приоритети и ограничувања
  • Способност за работа со Agile и  каскадна методологија
  • Минимум 2 години релевантно работно искуство
 
Што очекуваме:
  • Тимски играч
  • Подготвеност за учење на нови технологии
  • Ориентираност кон резултати
  • Аналитички вештини
  • Иновативност
 
Што нудиме:
  • Работа во интернационална компанија по стандарди на ДТ методологија
  • Плата и финансиска мотивација (компетентен бонус) согласно утврдените интерни акти на компанијата
  • Можност за континуирано професионално усовршување и развој
  • Приватно здравствено осигурување
  • Службен мобилен телефон и бенефиции од користење на услугите на МКТ
  • Бесплатен фитнес клуб и јога во рамките на компанијата
  • Останати бенефиции како вработен во МК

Работно време:
Работното време на компанијата е флексибилно во траење од 8 часа (со почеток помеѓу 08:00 и 09:00 часот и завршување помеѓу 16:00 и 17:00  часот) и постои можност за работа од дома.
 

Како да аплицирате:
Вашето CV испратете го електронски на апликацијата на следниот линк http://www.telekom.mk/tekovni-oglasi.nspx  или на адреса на Македонски Телеком АД Скопје, ул. Кеј 13 Ноември бр.6 со назнака оглас за вработување на Софтверски инженер за развој на кориснички интерфејси.
 
Контакт информации тел. 02/3 242-694
Огласот ќе биде отворен од 13.02.2025 до 25.02.2025.  
 
Забелешка:
Сите примени апликации ќе бидат разгледани со строга доверливост. За одредени позиции е можно да биде спроведен тест на пред-селектираните кандидати, пред да биде направено финалното интервју. За интервју ќе бидат контактирани само кандидати кои ќе влезат во потесен избор.
Нецелосните апликации и оние кои ќе бидат примени по истекот на крајниот рок нема да бидат земени вo предвид.
Македонски Телеком АД го задржува правото да не ја пополни огласената позиција.
Apply
Send to friend Print

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Sales amounts to 22.310 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more