
Вработување ХР Солутионс за потребите на клиент од сектор на финансии.
објавува оглас за:
АНАЛИТИЧАР ЗА ДЕЛОВНИ ПРОЦЕСИ
ОДГОВОРНОСТИ:
- Воспоставување и имплементирање на методологии за одржување на бизнис процедурите
- Дефинирање на подобрувања на деловните процеси
- Креирање на нови и менаџирање на постоечки процеси
- Решавање на проблеми и прашања при имплементацијата на процесите
- Учество во проекти кои се тесно поврзани со деловните процеси
- Анализа, креирање и дистрибуција на извештаи за процесите
- Документирање на клучните деловни процеси
Потребни квалификации:
- Високо образование насока Е-business се смета за предност, Бизнис администрација или сродна област
- Минимум 4 години искуство како деловен аналитичар
- Одлично познавање на англиски јазик (пишан и говорен)
- Ќе се смета за предност искуство со MS Visio
ШТО НУДИМЕ:
- Приватно здравствено осигурување
- Работно време од 08/09-16/17ч (пон-петок)
- Можност за кариерен развој во областа на деловна анализа
- Сертифицирани обуки
- Спонзорирано учество во спортски и тим билдинг настани
Заинтересирани апликанти, Ве покануваме да ја доставите вашата апликација преку полето Брза Апликација.
Ви благодариме за Вашиот интерес.