
"Виола" Аптеки се современа компанија чиј примарен фокус на работа е здравствената заштита на граѓаните, преку постојано следење и имплементација на новитетите за превенција и лекување на човековиот организам.
Од своето основање во 1992 година, компанијата бележи континуиран развој. Визијата да понудиме комплетна услуга на граѓаните, ја реализиравме со функционирањето на двете компании: "Виола" Аптеки и Веледрогерија Виола Трејд.
Во Виола секогаш ќе наидете на професионализам и квалитетна услуга од страна на нашиот тим на фармацевти и доктори.
Ние никогаш не отстапуваме од нашите принципи на работење: снабденост со лекови во секое време, секогаш блиску до нашите потрошувачи, висока професионалност, стручност и експедитивност при услугата, тимска работа, секогаш отворени за нови идеи и знаења.
Повелете, ние сме тука да Ви помогнеме да живеете поздраво и поквалитетно!
Во моментов имаме потреба од проширување на својот тим, на позиција:
СМЕТКОВОДИТЕЛ
Потребни квалификации:
- ССС или ВСС
- Претходно работно искуство
- Работа со компјутер (Word, Excel, Power Point, Outlook, Internet)
Опис на работно место:
- Книжи изводи, фактури, плата, ДДВ, одобренија и девизни приливи, МДБ, приеми од увоз и од дома
- Подготвува и извршува денарски и девизни плаќања
- Изработува извештаи за менаџментот
- Управува со благајната
- Се осигурува дека сите финансиски записи се изработени според законите, стандардите и политиката на компанијата
- Редовно ги следи и почитува даночните прописи
- Води сметка за побарувањата од клиентите и обврските кон добавувачите, и врши усогласување на салдата со купувачите и добавувачите
Што нудиме:
- Одлична плата + бонуси
- Можност за напредување и надградување
Доколку сакате да станете дел од тимот на врвни професионалци, Ве покануваме да аплицирате.
Вашата Професионална Биографија (CV со задолжителна фотографија), доставете ја преку полето Брза Апликација или на маилот: violaapteki@viola.com.mk со назнака на апликацијата „За оглас – Фармацевтски техничар“.
