ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА
АДМИНИСТРАТИВЕН АСИСТЕНТ
ЕЛЕНА ЛУКА е синоним за автентичен, авангарден и уметнички моден израз кој создаде свој единствен и суштински моден печат, препознатлив и на домашниот пазар, но и во глобалниот моден бизнис.
Визијата за македонски производ со светски дизајн и квалитет, започна да се реализира во 2008 година и за релативно краток временски период, брендот успешно се позиционираше на домашната модна сцена издвојувајќи се благодарение на комплетниот стручен тим што го сочинуваат инвентивни професионалци и едуцирани, креативни уметници.
Поради зголемен обем на работа, ЕЛЕНА ЛУКА го проширува својот тим со амбициозни, комуникативни и професионални луѓе кои ја сакаат модата.
Потребни квалификации:
- ССС/ВСС;
- Работно искуство на иста или слична позиција од минимум 3 години;
- Одличнo познавање во областа на административно и финансиско работење;
- Активно познавање и користење на англиски јазик;
- Одлични организациони и комуникациски вештини;
Потребни вештини:
- Управување со дневните административни и деловни работи (пошта, набавки, канцелариски материјали);
- Организирање на деловна комуникација и координација меѓу секторите;
- Прием на влезни фактури и пошта, нивно заведување во програми и книги;
- Асистирање во делот на финансиската и материјалната документација;
- Kомплетно водење и подготовка на целокупната административна документација на друштвото (водење на персонално досие за секој вработен, пријава/одјава на вработени), административно следење на документација, кореспонденција и архивирање на истите по налог и контрола на надлежниот;
- Изработување на останати документи од внатрешното и надворешното работење на друштвото;
- Развивање политики и предлагање на мерки за следење и унапредување на дисциплината на вработените;
- Поддршка на раководството преку логистичка и административна помош;
- Предлагање и иницирање нови идеи и активност;
- Креативност и иницијативност за самостојно истражување, максимална посветеност и одговорност кон реализирање проекти;
- Подготвеност за работа во дадени рокови;
- Професионален однос кон работата;
- Посветеност, темелност, лојалност и одговорност.
Компанијата нуди:
- Работа во компанија со изграден имиџ;
- Стабилност и можност за личен развој;
- Градење успешна кариера;
- Можност за надградба на професионален план;
- Одлични услови за работа;
- Плата по договор.
Доколку ги исполнувате горенаведените услови, Вашата молба заедно со Вашата Персонална биографија доставете ја на E-mail: contact@elenaluka.com
Сите пристигнати Биографии ќе се третираат со максимална доверливост и во согласност со Законот за заштита на лични податоци.
За дополнителни информации кандидатите можат да ја контактираат службата за Човечки ресурси на моб. 070/406-600