Техничар за дезинфекција, дезинсекција и дератизација
Скопје
Application deadline:
- Primatex Branka DOOEL
- Address: bul. Aleksandar Makedonski br. 46 a, 1000 Skopje
- Web: http://www.primatex.com.mk

Приматекс – Скопје e една од водечките компании во регионот во областите дезинфекција, дезинсекција, дератизација и хигиена, со широка палета на производи од познати брендови кои ги држат водечките позиции во нивните категории (Envu, Unichem, Bayer Environmental Science, Diversey, Tork, Filmop, Vileda Professional, Lucart Group, Vectair Systems и др.).
Преставуваме водечки регионален оператор за Дезинфекција, Дезинсекција и Дератизација.
Приматекс нуди работа во динамична и иновативна работна средина во која активно и квалитетно се следи успехот во работењето, а развојот на кариерата и напредокот на поединците зависи од остварените индивидуални резултати. Повеќе за нашата компанија може да пронајдете на нашата веб страна www.primatex.com.mk
Доколку сте во потрага за нови професионални предизвици, мотивирани и подготвени за нови успеси, понудата наведена подолу би можела да биде можност токму за Вас.
Ги повикуваме заинтересираните кандидати да се пријават на конкурсот за работно место:
ТЕХНИЧАР ЗА ДЕЗИНФЕКЦИЈА, ДЕЗИНСЕКЦИЈА И ДЕРАТИЗАЦИЈА
Главни области на одговорност:
- Извршува теренска посета на клиентите, монтажа и проверка на поставената опрема, како мамечки кутии за глодари и феромонски мамци за инсекти.
- Теренска посета на клиентите, извршува дезинфекција, дезинсекција и дератизација
- Познавање на производите и опремата која се употребува во секторот
- Ја изработува потребната документација која се користи во секторот
- Се грижи за исправноста на опремата за работа
- Обезбедува проток на информации и ги координира активностите со постар колега и Раководител на службата.
- Ја идентификува конкуренцијата на пазарот и известува за предностите и слабостите на конкуренцијата
- Ги планира потребните залихи и асортиманот на опремата која се користи
- Развивање и одржување на грижа за корисници согласно преопраките на компанијата
Потребни квалификации:
- Минимум ССС
- Добро познавање на компјутерски апликации - Microsoft Office, посебно Word, email
- Познавање на англиски јазик ќе се смета за предност
- Возачка дозвола од Б категорија и возачко искуство
- Комуникациски и говорни вештин
Што очекуваме:
- Аналитичност и посветеност во работењето
- Желба за учење, развој и контиунирана едукација
- Комуникативност, самоиницијативност и одговорност
- Желба за успех
- Тимско работење, организираност и истрајност
Што нудиме:
- Работа во динамична компанија
- Контиунирана едукација и напредување
- Службен пакет за комуникација
- Службено возило
- Солидна и стимулативна заработка
Доколку имате желба да се приклучите на нашиот технички тим, Ве молиме испратете ја Вашата биографија, работно искуство и фотографија преку полето Брза Апликација.
Сите селектирани кандидати ќе бидат повикани на разговор во нашата компанија со однапред договорен термин.
Ве молиме без телефонски јавувања.
Приматекс – Скопје
Бул. Александар Македонски бр.46А, 1000 Скопје
COMPARE YOUR SALARY
Average salary in category
Crafts and Manufacturing amounts to 24.798 MKD.
Find the salary for the desired position according to your qualifications!