том таилор гроуп
Биди и ти дел од нашиот тим!
Бараме професионални, иновативни и комуникативни луѓе кои ја сакаат модата и уживаат во комуникација со луѓе.
Бидете во чекор со модата и запознајте ги одблиску светските модни трендови.
Вашето искуство е приоритетно, но ние сме отворени да работиме и со личности кои се спремни да учат и да се надградуваат себеси.
За таа цел ТОМ ТАИЛОР објавува оглас за следната работна позиција:
ПОМОШНИК ВО ПРОДАВНИЦА (Stockroom keeper)
Локација: City Mall и Capitol Mall
УСЛОВИ:
- Да бидете мотивирани и одговорни
- Прием, селекција и испишување на робата според стандардите
- Управување со залихите – организирање и складирање на залихите
- Одржување на чистотата на работниот простор и селектирање на робата според стандардите
- Работа со членовите во тимот и насочување на исполнување на дневните и месечните цели на компанијата
ВЕШТИНИ:
- Желба за учење
- Напредно работење на компјутер
- Познавање на MS Office (Excel, Power Point, Word)
- Познавање англиски јазик
- Поттикнување на тимска работа и ориентираност кон резултати
НИЕ НУДИМЕ:
- Работа во полно работно време 40 часа (прва смена, 2 дена слободни)
- Можност да научите повеќе за светот на модата
- Да се биде дел од интернационална фирма
- Можност за напредок во фирмата
- Фиксна загарантирана плата и бонус според продуктивност
Заинтересираните кандидати ги покануваме да го испратат своето CV преку полето Брза Апликација, со назнака за која позиција аплицирате во самиот документ.