Нашата компанија е во потрага по нови членови кои треба да му се придружат на тимот професионалци на Мак Аутостар и за таа цел се бара кандидат за следната позиција:
КОНСУЛТАНТ ЗА ПРОДАЖБА НА МОТОЦИКЛИ И ВОЗИЛА
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ
- Високо образование
- Активно познавање на англиски јазик
- Искуство во продажба и комуникација со клиенти
- Основни познавања на мотоцикли и возила
- Организираност и исполнителност
- Возачка дозвола А и Б категорија
ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО
- Организација на нарачки, прием и испорака на мотоцикли и возила
- Директна комуникација со клиенти
- Комуникација со соодветните сектори во фирмата (шпедиција, сметководство, финансии и сл.)
ПОНУДА ОД КОМПАНИЈАТА
- Стабилна компанија ориентирана кон одржливи работни места и резултати
- Напредна работна средина и функционален тим на професионалци
- Можност за самостојност, иницијативност и креативност
- Атрактивни социјални бенефиции, плата, бонус
- Приватно здравствено осигурување
- Дополнителни бенефиции
Сите заинтересирани кои сакаат да му се приклучат на тимот на Мак Аутостар треба да испратат професионална биографија на office@makautostar.com.mk, со назнака за работно место „Консултант за продажба на мотоцикли и возила“ заклучно со 15-ти март 2025г.
Кандидатите кои ќе влезат во потесен круг на избор, ќе бидат повикани на интервју.
Мак Аутостар дооел е генерален дистрибутер на повеќе брендови од автомобилската индустрија како што се: Mercedes-Benz патнички и комерцијални возила, автобуси, Setra, Evobus, Unimog, Mitsubishi Fuso, Mobil моторни масла, сопственик на брендот Premium Used за користени возила и на Premium деловниот центар.