Нашата компанија е во потрага по нови членови кои треба да му се придружат на тимот професионалци на Мак Аутостар и за таа цел се бара кандидат за следната позиција:
ТЕХНИЧКИ ИЗВРШИТЕЛ - МАШИНСКИ ИНЖЕНЕР ВО СЕРВИС ЗА МОТОЦИКЛИ
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ
- Дипломиран машински инженер (насока моторни возила се смета за предност)
- Техничко познавање на работата на системите кај мотоциклите
- Практично искуство во комуникација со клиенти
- Англиски јазик, напредно ниво
- Германски јазик, се смета за предност
- Возачка дозвола А и Б категорија, задолжително
ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО
- Дефинирање обем на работа и контрола на сервисирање
- Контакт со клиенти во сервисот
- Обезбедување техничка помош на механичарите со примена на техничка литература и системи од производителот
ПОНУДА ОД КОМПАНИЈАТА
- Стабилна компанија ориентирана кон одржливи работни места и резултати
- Напредна работна средина и функционален тим на професионалци
- Можност за самостојност, иницијативност и креативност
- Атрактивни социјални бенефиции, плата, бонус, топол оброк
Сите заинтересирани кои сакаат да му се приклучат на тимот на Мак Аутостар треба да испратат професионална биографија на office@makautostar.com.mk, со назнака за работно место „Технички извршители – машински инженери во сервис“ заклучно со 15-ти март 2025г.
Кандидатите кои ќе влезат во потесен круг на избор, ќе бидат повикани на интервју.
Мак Аутостар дооел е генерален дистрибутер на повеќе брендови од автомобилската индустрија како што се: Mercedes-Benz патнички и комерцијални возила, автобуси, Setra, Evobus, Unimog, Mitsubishi Fuso, Mobil моторни масла, сопственик на брендот Premium Used за користени возила и на Premium деловниот центар.