
ИНВЕНСИС Дооел е компанија основана во 2011-та година со основна дејност проектирање, продажба, изведба, сервисирање, монтажа и одржување на индустриски јавни, деловно административни и станбени/ индивидуални објекти од областа на климатизација, вентилација и греење. Имаме потреба од:
ПРЕТСТАВНИК ЗА ПРОДАЖБА
РАБОТНИ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ:
- Продажба на уреди за климатизација, првенствено од брендот Samsung, развој и имплементирање на алатки и процеси за продажба;
- Остварување на продажни таргети согласно плановите за продажба (месечни, квартални, годишни);
- Одржување редовни состаноци со клиенти и комуникација со менаџментот на Samsung –Хрватска-Холандија;
- Истражување и анализирање на пазарни податоци (следење на пазарот на климатизација, цени, брендови и сл);
- Соработка и управување со постојни и потенцијални/таргетирани купувачи на мали клими наменети за домаќинствата и системи за климатизација за индустријата првенствено за брендот Samsung;
- Препознавање на потребите на клиентите, подготовка на понуда за соодветна услуга и склучување на договори;
- Водење преговори со клиентите, договарање на услови и начини на соработка
ОД ИЗБРАНИОТ КАНДИДАТ ОЧЕКУВАМЕ:
- Активно познавање на англиски јазик (говор и пишување);
- Одлично познавање на работа со компјутери;
- Поседувате возачка дозвола Б категорија
- Предност ќе имаат кандидати кои имаат искуство во продажба;
- Проактивен и аналитички пристап при работењето;
- Способност за самостојна работа;
- Добри организациски способности, комуникативна и одоговорна личност;
- Поседувате продажни и преговарачки вештини
ШТО ДОБИВАТЕ:
- Конкурентна нето плата: фиксен дел + бонуси;
- Работа со современи технологии;
- Работите 40 часа неделно, во просториите на компанијата и на терен, во рамки на работните задачи и активности;
- Работа во стимулативна средина со професионални предизвици;
- Динамична работа, можност за личен и стручен развој;