
Алфа Електроник има потреба од Продажен персонал во продавницата на Булевар 1ви мај 56 - Битола (кај Црн Мост)
Работно време: Работа во 2 смени
(прва смена: од 08h до 15h; втора смена: од 13h do 20h).
Опис на работното место:
- Продажба на производи преку одговорна и професионална комуникација со купувачите.
- Прием, пакување и изложување на стока
- Одржување на уредноста и редот во продавницата
- Работа со каса и издавање на сметки
Барања:
- Комуникативност и љубезност
- Способност за тимска работа
- Основно познавање на работа со компјутер
- Искуство во продажба или познавање на електричен материјал се смета за предност
Нудиме:
- Почетна плата 31 000 ден ( платата расте во зависност од стекнатото искуство и напредување во работата )
- Период на обука и прилагодување
- Пријатна работна средина
За пријавување потребно е да се приложи CV (со фотографија) во Алфа Електроник на Булевар 1-ви Мај бр.56 - Битола (кај Црн Мост) или преку полето Брза Апликација.
Дополнителни информации на моб: 075 251 254