Агенцијата за контрола на доспеани побарувања (АКДП) е водечка компанија специјализирана во ефективна наплата на долгови и е трета компанија од овој вид во групацијата Менаџмент Фајненшл Груп (МФГ). Портфолиото на МФГ е составено од компании – лидери во индустриите на небанкарски финансови инстутуции, заеми за микро, мали и средни претпријатија, кредитни и дигитални картички P2P заеми и BNPL наменски заеми. МФГ има 19 активни регистрации и лиценци за најразлични регулирани активности како: заеми, посредување при кредитирање, осигурување, наплата на побарувања, платежни услуги и издавање на електронски пари.
Како резултат на брзата експанзија и професионализам во потрага сме по Правник во Агенцијата за контрола на доспеани побарувања со цел следење на правната усогласеност на компанијата со законите и правно дејствување во правниот дел на наплатата.
Правник
Опис на работни задачи:
- Подготвување тужби, жалби против донесени судски одлуки, мислења и приговори по граѓански предмети покренати од компанијата;
- Застапување пред судовите по граѓанските предмети покренати од компанијата;
- Помагање при издавање и подигање на документи од судовите;
- Учествување во постапка за судска наплата на побарувања во однос на должниците преку поведување извршни предмети пред извршители, кога е потребно за постигнување месечни финансиски цели;
- Преземање конкретни присилни дејствија за наплата на долгови во извршните предмети пред извршители;
- Водење активна комуникација со извршители во врска со вршење проверки на извршните предмети за наплатени суми;
- Евидентирање на дејствијата преземени од страна на извршителите во специјализиран софтвер на компанијата
- Застапување на друштвото пред судови, извршители, Министерството за внатрешни работи, други државни и општински органи;
- Обезбедување правна помош за раководството и вработените во компанијата;
- Врши и одговара за други задачи од правна природа доделени од раководителите и компанијата
Потребни квалификации:
- Дипломиран правник
- Искуство во областа на граѓанските процеси и процесно застапување најмалку 1 година ќе се смета за предност
- Искуство во областа на судската наплата и присилно извршување од најмалку 2 години ќе се смета за предност
- Одлична компјутерска писменост – Word, Excel, PowerPoint;
- Способност за самостојно решавање на правни случаи во областа на граѓанскиот процес и извршното производство;
Очекувани способности и вештини:
- Лојалност и високо чувство за одговорност;
- Комуникативност и способност за работа во тим;
- Способност за работа во динамично опкружување со почитување на рокови.
Ние нудиме:
- Компетитивна плата
- Приватно здравествено осигурување
- Пријателска работна атмосфера
- Динамична и одговорна работа со постојан раст
- Работа со тим од професионалци и индивидулаци,кои веруваат во интегритет,тимска работа и отворена комуникација
- Можност за внатрешни и надворешни обуки за усовршување во областа
Придружете ни се и станете дел од компанија која ги вреднува личниот и професиноналниот развој додека нуди и негува динамична и хармонична работна атмосфера.