
Биотек ДОО Скопје е реномирана компанија основана во 1999 година која оттогаш континуирано расте и се развива и денес е докажан регионален лидер во продажба на високо квалитетна лабораториска опрема и потрошен материјал, пост-продажна поддршка и сервис, како и апликативна и техничка поддршка.
Биотек ДОО Скопје објавува оглас за работната позиција:
ПРЕТСТАВНИК ЗА ПРОДАЖБА НА ОПРЕМА ЗА БАЗЕНИ
Потребни квалификации:
- Високо техничко образование – Машински инженер, Хидроинженер (ќе се смета за предност)
- Претходно работно искуство од областа на продажба
Потребни способности и вештини:
- Одлични комуникациски способности
- Возачка дозвола Б-категорија, активен возач
- Флексибилност за индивидуална и тимска работа
- Ориентираност кон рокови
- Проактивен и аналитички пристап при работењето
- Способност за динамична работа и работа на терен
- Одлично познавање на MS Office
- Одлично познавање на англиски јазик
Главни одговорности:
- Промоција и продажба на опрема и средства за третман на базенска вода
- Посета на потенцијални клиенти и нивно таргетирање
- Систематска анализа на пазарот и подготовка на планови за дејствување
- Пронаоѓање и отворање на можности за промоција и продажба на опремата и сретствата за третман на базенска вода
- Подготовка и имплементација на годишен бизнис план како и предвидување на количини за следната година
- Подготовка на Квартални и Годишни извештаи пред одборот на директори
- Правење на таргети за одделот во продажба и развој
- Директна комуникација со добавувачите на опремата и средствата за третман на базенска вода
- Следење на договорите со тековните купувачи
- Следење и управување со цените од добавувачите
- Состанување со потенцијални нови клиенти и презентирање на производите и технологијата
- Развивање на комуникацијата со клиентите, преговарање со купувачите, договарање, затворање на продажбата, грижа за корисниците како и после продажни активности
- Подготовка на понуди за потенцијални и тековни купувачи согласно анализата за нивна потрошувачка
- Правење на технички спецификации
- Подготовка за инсталација, инсталација и пуштање во употреба на опрема за купувачите
- Управување и проверка на функционалноста на инсталираната опрема како и нејзино одржување во исправна состојба
- Следење на залихи за резевни делови и правење нарачки од добавувачите
- Примање на нарачки и проследување на истите за нивна испорака
- Обука на вработените и на купувачите за ракување со опремата и средствата за третман на базенска вода
- Проверка и одржување на параметрите за хемиските средства на опремата
Компанијата нуди:
- Можности за професионален и личен раст и развој
- Дигитализирани работни процеси со современи алатки и технологии
- Енергична и професионална работна средина
- Подароци за родендени и празници
- Конкурентни плати и бонуси
Известување за приватност на кандидати за вработување
Ве покануваме, доколку имате интерес и соодветствувате со опишаниот профил за позицијата, пратете ваша апликација со Професионална биографија преку полето Брза Апликација.
**Ги замолуваме само кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови да аплицираат на огласот.
**Со поднесување на оваа апликација сте согласни да бидете дел од Базата на потенцијални кандидати и за идните новоотворени работни позиции во текот на годината. Доколку сакате Вашата Професионална биографија CV да биде избришана од системот по истек на овој Оглас за вработување, Ве молиме да поднесете барање за бришење на горенаведената е- маил адреса