ВРАБОТУВАМЕ
Раководител на фино кастрење, сушење, завршно сушење
Опис на работните обврски и задачи:
- Ја организира работата во одделот за кој е одговорен во однос на навремено реализирање на усвоените планови запазувајќи го бараниот квалитет и квантитет на производството согласно нормите на GMP,
- Прегледува процедури, упатства за работа, производни протоколи, дневници и други документи од системот за управување со квалитет и континуирано се грижи истите да бидат применувани како и сите производни процеси да бидат документирани,
- Се однесува во улога на ментор за процедурите за кои е одговорен и ги обучува вработените кои се под негово раководство и ја мониторира нивната обученост и компетентност,
- Се грижи целокупното процесирање на цветот да се одвива во услови какви се пропишани за конкретниот процес т.е. се грижи GMP барањата да бидат имплементирани во соодветниот домен во работењето.
- Поднесува барање за анализа на производни простории каде се одвива процесирањето согласно Планот за микробиолошки мониторинг до секторот за Контрола на квалитет,
- Врз база на добиените резултати од анализите на воздухот, површините и опремата, го одобрува отпочнувањето на следната фаза во процесирање,
- Поднесува барање за анализа на сувиот цвет од канабис за медицински цели пред да помине во фазата на пакување,
- Се грижи производната критична опрема во одделот да биде редовно калибрирана, квалификувана и одржувана,
- Извршува и други активности по барање на претпоставените, кои се во согласност со неговите вештини и компетенции.
Квалификации:
- ДОДИПЛОМСКИ СТУДИИ – фармацевт, биотехнологија, биологија, хемија, прехрамбено технолошки
- Технички вештини - Microsoft Word, Excel, PowerPoint
- Активно познавање на англиски јазик
- Организираност и одговорност кон доверените работни задачи.
- Флексибилност и способност за тимско работење.
Ве покануваме, доколку имате интерес пратете ваша апликација со Професионална биографија користејќи го полето „Брза Апликација“.