Производителот на сувомесни производи и трговец на големо со прехрамбени производи ПЕКАБЕСКО АД заради остварување на своите цели објавува оглас за следнава работна позиција:
ПРЕХРАНБЕН ТЕХНОЛОГ
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:
- ВСС – дипломиран инженер технолог за прехранбени проиводи
- Со и без работно искуство
- Одлични компјутерски вештини
- Организациски способности
- Способност да одлучува во стресни ситуации
- Англиски јазик
- Способност за тимска работа
- Возачка дозвола Б категорија
Работни задачи:
- Одговорен е за целокупната работа во производство во својата смена
- Задолжен е за опремата со сите составни делови и додатоци кои се наоѓаат во производство (месото, зачините, амбалажата и адитивите кои се употребуваат во процесот на производство)
- Непосредно учествува и е одговорен за правилна примена на сите постапки при изборот и припремата на месото, негово саламурење и подготвување, термичко обработување, сушење, сечење и пакување на готовите производи преку спроведување на работни налози преку кои се следат производните шаржи
- Должен е за спроведување на воспоставените рецептури, технолошки постапки и техники на производство
- Извршува и други работи и работни задачи кои произлегуваат од неговиот делокруг на работа
Работни услови:
- Работниот однос се склучува на определено време од 3 месеци (со можност за продолжување)
- Плата 44.000,00 ден
- Обезбеден е топол оброк
- Работното време е организирано во смени (прва, втора и трета смена)
- Неделното работно време изнесува 40 часа
Напомена:
- Работниот процес се одвива на температура од околу 4-10 степени
- Изборот на кандидатите ќе се изврши во рок од 10 дена по истекот на рокот за пријавување
- Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ги задоволуваат критериумите
- Испратете го вашето CV (молба) преку полето Брза Апликација
- Апликациите да се достават заклучно со 20.03.2025 година
Пекабеско АД