ОГЛАС
КОМЕРЦИЈАЛИСТ
ЗА НАС
Во KC GROUP имаме повеќе од 30 години историја, присутни сме во повеќе земји и сме препознатлив бренд во дизајнот и квалитетот на производите. Поставувајќи нови стандарди во градежништвото и архитектонските решенија за внатрешно и надворешно уредување, денес сме синоним за луксуз, иновација и бескомпромисен квалитет. Како пионер во концептот „сè на едно место“, нудиме комплетни и интегрирани решенија со врвни италијански, шпански и турски брендови. Нашата визија е постојано подобрување и проширување на пазарот, а за да ја оствариме, го прошируваме тимот со нов(и) комерцијалист/и во нашата филијала на Јадранска Магистрала.
KC GROUP обезбедува стабилност, континуирана обука и професионален кариерен план со можности за напредок. Комерцијалистот ќе има пристап до премиум производи и најиновативни технологии, работна средина која поттикнува развој и конкурентна плата со бонуси врз основа на остварените резултати.
ОДГОВОРНОСТИ И КЛУЧНИ ВЕШТИНИ
- Градење и одржување на силни односи со клиенти со постојано проширување на клиентската база.
- Следење и управување со целиот продажен процес, вклучително плаќања, фактурирање и осигурување на точноста на финансиските трансакции.
- Истражување на пазарот, следење на конкурентските активности и имплементација на стратегии за зголемување на продажбата.
- Искуство во продажни консултации во секторите на недвижности, градежништво и внатрешен дизајн.
- Течно познавање на Англискиот јазик (одлични вербални и писмени комуникациски вештини).
- Познавање на CRM, SAP и добро владеење на Microsoft Office ќе се смета за предност.
АПЛИЦИРАЊЕ
Апликацијата треба да биде со наслов „Комерцијалист - (Име и Презиме на Кандидатот)“. CV-то треба да се испрати преку електронска форма преку полето Брза Апликација
Приклучи се на нашата мултикултурна екипа и биди дел од светскиот концепт.